
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП „Нискоградба“ денеска со соодветна механизација ги чистеше купиштата снег на Широк Сокак. Снегот се товараше на трактори и се отстрануваше од пешачката зона.
РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3 поради отстранување на помал дефект, како и превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот, соопшти АД ЕЛЕМ.
Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2. Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.
Од АД ЕЛЕМ истакнуваат дека во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.
2019 ни го донесе најголемиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во Македонија вреден 1.791.299,00 денари. Трајче Иванов од Штип е 177 сопственик на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка ја освои на 14.01.2019 во Клуб Спорт 77 Евротип во Штип.
Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Албанија во Република Македонија со седиште во Битола, јави Плусинфо.мк
Со владината одлука донесена на 8 јануари оваа година и објавена во Службен весник на РМ се дава согласност Имер Селмани да се именува за почесен конзул на Република Албанија во Република Македонија со седиште во Битола.
Владината одлука ќе ја спроведе македонското Министерство за надворешни работи.
Инаку, од независноста на Република Македонија до денес во Битола се отворени 13 почесни конзулати на исто толку држави од Европа. Од нив, три почесни конзулати (Хрватска, Велика Британија и Словенија) привремено не работат, додека Република Бугарија во Битола има Генерален конзулат, а Република Грција има отворено Канцеларија за врски во овој град.
Несовесни возачи ги паркирале и оставиле со денови своите возила во дворот на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“- Битола, па од школото не можат да го исчистат дворот пред почетокот на второто полугодие од школската година .
Секојдневно возачи го користат школскиот двор како бесплатен паркинг и покрај рампата и апелите од училиштето да не се влегува со возила во дворот на школото. Низ дворот на техничкото училиште редовно поминуваат и пазарџиите од Новиот пазар.
Дуќанџии од Старата битолска чаршија и годинава останаа верни на традицијата, па за православниот празник Василица заедно го вртеа мазникот со паричка. Најсреќен меѓу трговците од улицата „Александар Турунџев“, денеска беше Никола Светиев од фирмата „Профимак“, кој го најде парето во мазникот.
Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови – корисници на старосна, семејна и воена пензија дека започнува упис на млечни производи:
1.Кравји кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 310 денар/кг.
2.Кравји кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 320 денари/кг.
3.Мешан кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 330 денари/кг
4.Мешан кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 340 денари/кг
5.Кравјо бело сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 220 ден.
6.Мешано бело сирење вакум ( парче околу 300 гр.) за 250 ден.
7.Биено сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 320 ден/кг.
Минимална нарачка по производ е 2.5 кг.
Плаќањето е на 2 рати до 1500 денари
Над 1500 денари е на 3 рати
При уписот задолжителен е талон од пензија НЕ ПОСТАР ОД 3 МЕСЕЦИ и лична карта.
Млечните производи се од VEMILK, DOO IMV
Подигањето на производите ќе биде во горниот пазар на паркингот (комбе на VEMILK) по претходно известување на телефон.
Жаклина Наумовска, член на општинскиот Совет во Битола од редовите на СДСМ, го најде парето во мазникот што за православниот празник Василица го вртеа заедно советниците од власта и опозицијата. Наумовска вели дека се израдува што токму таа е среќникот годинава.