АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Првиот човек на РЕК-Битола Златко Ќурчиевски ги оквалификува како конфузни и манипулативни обвинувањата за РЕК Битола од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска.
Ќурчиевски јавно и отворено одговори на обвинувањата иако како што рече бил во недоумица дали се работи за шега или сериозна изјава.
-Искрено јас лично не знаев дали се работи за шега или за сериозна изјава. Во последно време кога од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат нешто за енергетиката посебно за РЕК Битола се конфузни и манипулативни и еве зошто тие кажуваат дека ние сме оствариле во 2018 година 2 700 гигават часа електрична енергија од вкупно планирани 4600 гигават- часа. Ноторна лага и лажна вест. Ние имавме остварено 2700 гигават-часа од планирани 3006 гигават –часа.
Значи зборуваме за остварувањето на РЕК-Битола. Додека АД ЕСМ од планираните 4072 гигават-часа минатата година оствари 4139 гигават-часа, што на ниво на компанија е надминување на планираното производство од 2 проценти. Од каде ги извадија тие податоци навистина не ми е јасно, рече Ќурчиевски.
Тој се осврна и на делот од обвинувањата за електростатските филтри.
-Ги споменуваат проектите од типот на електростатските филтри и топлификацијата. Кога некој ќе каже дека нивната власт во 2007 година имала изработено проект за електростатските филтри и нас не обвинува дека ни пропаднала тендерската постапка, и притоа не дава никакво објаснување зошто до средината на 2017 година кога беа на власт апсолутно ништо не направија е класично лицемерие. Ние веќе ја подготвуваме новата тендерска постапка, ќе го запазиме планот за реконструкција 2020- 2021 и 2022 сукцесивно на сите три електростатски блока, рече првиот човек на РЕК-Битола.
Со она што претходната власт го направи со топлификацијата ситуација е уште по алармантна, рече Ќурчиевски.
-Имале префизибилити студија уште во 2011 година , што првпат слушам за таква студија, па им требало уште 5 години да направат физибилити студија во 2016 и при тоа ништо да не направат на полето на топлификација на Битола. И повторно ние се повикуваме овие две години додека сме на централна власт да го реализираме проектот за топлификација во овој период. Се работи за класични манипулации и лажни вести, заклучи Ќурчиевски.
А.Б