2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола ја објави порграмата за одбележување на патронот на градот „Св. Нетраиј Битолски“. Од утре вечер битолчани ќе имаат можност да ја видат  фото изложбата Занаетчиството во Битола, а ќе можат да присуствуваат и на Духовната академија во салата на Народниот театар . Во среда  во 10 и 30 часот низ битолските улици ќе се одржи традиционалната литија во чест на заштитниот на градот „Св, Нектариј Битолски“.

79194706 2395698917362278 5779557711486124032 o

 Утрово во Битола најстудено со измерени минуст три степени. Во текот на денот максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Со средства донирани од Општина Битола на Женска граѓанска иницијатива КЛЕА во ОУ„Даме Груев“ Битола, се реализира волонтерска активност. Активноста се состоеше од изработување на клупи и масички од палети, нивно обојување и поставување во училишен двор.Целта беше да се изработат клупи и маси кои ќе се постават во тревниот дел на училишниот двор така што ќе претставуваат мини-еко училници каде ќе може наставниците да одржат креативен час надвор од рамките на зградата, со цел поблиску да ја доловат природата и нејзината убавина од повеќе аспекти (предмети македонски јазик, ликовно, теориски час по ФЗО, еко-предавање, биологија или природни науки и сл.)Истиот тој простор учениците, а и сограѓаните ќе ги користат за краток  одмор или дружење, што ќе ја зацврсти врската меѓу училиштето и локалната средина (граѓаните училиштето ќе го чувствуваат како свое и ќе се грижат за него).

prva

vtora

treta

Вчера во 19,30 часот во СВР Битола, Г.Г (48) од Грузија, пријавил дека околу 15,00 часот на бензинска пумпа на локален пат за с.Кравари,битолско му било извршено разбојништво од лице кое го превезувало во своето возило, при што му биле одземени пари и накит.За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пожар на трафостаница на ЕВН веќе неколку часа остави без струја дел од Битола и Потпелистерието. Поширокото централно подрачје од градот како и селата Дихово, Трново, Магарево, Ротино, Нижеполе, Ѓавато без електрична енергија останаа после пладне, а од контакт  центарот на ЕВН информираат дека прекинот во снабдувањето може да потрае бидејќи екипите се на терен и се констатира какви штети предизвикал пожарот

Е.М

 

По 45 години, вчера во градинката „Пролет“ пристигна нов мебел. Со него заменет е оној кој бил поставен уште во 1974 година кога била отворена градинката. Минатата недела комплетно беше опремена и градинката „Снегулка“, исто една од најстарите која користеше мебел од отворањето, што би се рекло во распаѓање зашто времето си го стори своето.

Северната трибина од стадионот „Под Тумбе кафе“ која интензивно се гради почнува да го добива новиот лик. Претседателот на Советот Валентин Груевски на својот фејсбук профил објави  видео на кое се гледа до каде е изградбата на трибината.  Изградбата на северната трибина се одвива според предвидената програма и динамика за реализација на проектот. Наскоро стадионот ќе добие комплетно опремена трибина за 4500 гледачи , со соблекувални, со прес канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи.  

За Солуна, За Стамбола Неа Не Давам... (Неделна Рубрика)

Битолската Саат-кула за која се смета дека е стара пет века и дена била изградена со додавање на 60 000 јајца во малтерот, овој пат вештите раце на членките од Организација на жени ја претставија на најкреативен и највкусен начин. Ова култно битолско архитектонско обележје беше дел од нивната инспирација да ја подготват свечената трпеза „Новогодишна Битола“ на интернационалниот гастрономски натпревар во Етно Село во Кумановско, пренесува порталот Сдк смарт.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани