2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешната средба помеѓу претставниците на Општина Битола и Ракометниот клуб "Еурофарм Работник"- Битола постигнат е  значителен напредок во финализирање на договорот за уредување на капиталната и управувачката структура на РК "Еурофарм Работник" и РК "Пелистер", информираат од Општина Битола.

Спорно прашање кое и понатаму останува за надминување е книговодственото порамнување на Р.К Пелистер, а особено нецелосно утврдените долгови на РК Пелистер во периодот до 2017 година.

По повод 75 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, на местото каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, денес свежо цвеќе положија  претставници на Сојузот на борци, заменик градоначалничката Емилија Костурски, како и членови на Советот на Општина Битола. Пред споменикот се поклонија и учениците од основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.

Првата агро-економ зона во државата ќе се гради во Општина Могила во месноста викана Петилеп во атарот на селото Беранци.

Битолското обвинителство до Основниот суд во Битола поденесе обвинителен акт против поранешен директор на РЕК Битола за кривичното дело загадување на животната средина. Обвинение е покренато и против правното лице Електрани на Сверна Македонија за истото кривично дело.

Заврши проектот за регулација на реката Елешка кај село Гермијан, на местото каде се излеваше од речното корито и ги поплавуваше околните куќи. Овој проект го рализираа Општина Новаци и центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со 6,8 милиони денари обезбедени преку Министерството за локална самоуправа.

Започнаа активности за комплетно санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа Јавор, со кое сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи.

Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе  РК „Пелистер“ без долгови.

Погледнете како изгледа ноќе една од најфреквентните сообраќајници во Битола по поставените 91 арматура со лед светилки. 

Отстранети се техничките проблеми со киното во Центарот за култура и директорката Маја Андоновска Илијевски најави дека подготвени ќе ги дочекаат гостите на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што почнува идната сабота и филмските проекции.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани