
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици и вработени во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ изработија мозаик од логото на ова престижно битолско средно училиште. Мозаикот беше дел од акцијата за уредување на училишниот двор пред Новогодишните празнаци, а е поставен пред главниот влез на Гимназијата.
„Пред и потоа, со добар тим идеите стануваат реалност за само неколку часа. Ученици и вработени од СОУ Гимназија ‘Јосип Броз-Тито’ Битола во партнерство со Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола учествуваа во волонтерска акција за уредување на училишниот двор и подигање на еко-свеста. Волонтерската акција финансиски е поддржана од Општина Битола и Локалниот младински совет“, велат од Гимназијата.
Ж.З.




Здружението на пензионери денеска го одржа последното собрание на пензионери на кое просуствува и градоначалничката Наташа Петровска.
Општина Могила во 2019 година инвестираше во подобрување на условите за настава во основните училишта.
Основните училишта во Добрушево, Ношпал, Радобор и Чарлија се комплетно реновирани со што им обезбедивме подобри услови за поквалитетна настава на учениците, вели градоначалничката Јасмина Гулевска.





Снегот предновогодишно ги израдува битолчани. Во последните години ретко се случуваше Нова година да ја дочекаат со снег. Не се очекува снежната покривка да се здражи долго, но сепак донесе претпразнична романтика и почист воздух во Битола.
Предновогодишна магија во Ниже Поле. Во петокот вечерта во дворот на црквата Св. Петка се одржа првиот Нижеполски базар. Настанот беше од хуманитарен карактер. Целта беше паричните средства кои ќе се соберат, да се донираат на самата црква за потребите на мештаните.
