2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Пронајдено украдено возило од Битола, лишено од слобода едно лице

На 16.03.2025 на патот Прилеп – Битола, кај бензинска станица во с.Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(19) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата на ул.„Иљо Џаконовски” во Битола. Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.


СВР Битола

Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16 часот ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани.

Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека со над 10 лица се извршени разговори, а за 4 лица е распишана потерница. Тошковски не даде повеќе детали за избеганите кои ќе ги бараат со потерница.

Бројката на загинати во страшната трагедија во Кочани се искачи на 59 лица, соопшти министерот. Извршен е разговор со еден член на музичката група ДНК, а ќе разговараат и со оние повредени кои се во стабилна состојба. Се проверува и документацијата за дискотеката. Загинал и полицаец од Пробиштип кој требало да добие награда за најдобар полицаец во општина пробиштип.

„Распишана е централна потерница за 4 лица, се постапува и во Министерството за економија од каде се обезбедува документација. До 11:30 часот според информациите, починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, 31 лице од Кочани, 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации е 155 лица. Истите се наоѓаат низ повеќе болници низ државата.Загинал и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој постапувал во дискотеката по претходно изготвен план за присуство на малолетници и за дрога. Од СВР Штип ме информриаа дека требало да биде најдобар полицаец на територија на Пробиштип. За жал тоа ќе биде сторено постхумно“, рече Тошковски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани