
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поларните температури деновиве од околу минус 20 степени ја зголемија потрошувачката на вода во Битола како среде лето.
Во 7 часот утрово во Битола се измерени поларни температури од минус 20 степени.
Едно лице загина, а четири се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи на патот Битола-Ресен кај месноста викана „Чешми“.
Ротаракт Широк сокак од Битола успешно ја реализирше акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’, во која заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјлано ранливи семејства донираше 4 тони храна. Донациите во текот на декември се собираа на штандови поставени во неколку поголем маркет во градот, каде граѓаните купуваа нерасиплива храна и ја доствауваа до членовите на клубот. Викендов оваа храна заврши во вистински раце.
Заедничка алтернатива -Битола заедно со своите гости -соработници „22 Нентори“ и Зур „Македонски ракотворби“,со поддршка на јавните битолски претпријатија: „Комуналец„ ,„Водовод“,„Нискоградба“,„Пазари“ и синдикатот на Рек- Битола денеска на -15°С им ги стоплија срцата на старите лица од домот Сју Рајдер-Битола со коледе и бадникова трпеза,каде што членовите од невладиниот сектор беа топло примени од директорката Јулијана Котевска Богдановска и нејзиниот персонал.Настанот беше заокружен со прекрасни божикни песни во изведба на детското хорче Бадникова поворка.






И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.
Најстуденото утро во Македонија денеска го имаа битолчани со температура што се спушти до минус 21 степен.
Времето утрово е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне од минус четири до четири степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.
И на минус 16 степени Целзиусови и загаден воздух од 172 микро грами на метар кубен измерени во 22 часот од мерната станица во центарот на градот, битолчани останаа верни на традицијата и ги запалија коледарските огнови. Овој адет во Битола е стар со децении и ниедна година нема отстапување без разлика на студот. Роднини, пријатели, соседи се собраа околу огништата и ја минуваат ноќта во дружба.
