2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

За само девет дена од Нова година до денес во Битола се случиле дури 14 сообраќајни несреќи,а  во една од нив има и жртва.  Од СВР-Битола  засега не коментираат дали големиот број на несреќи е можеби последица и на врнежите од снег и одвивањето на сообраќајот во зимски услови.

 -На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на месец јануари ,за периодот од 01-09 јануари  случени се вкупно 14 сообраќајни незгоди ,од кои во една сообраќајна незгода едно (1) лице го загуби животот , пет (5) вкупно лица се здобиле со тешки телесни повреди и пет (5) вкупно лица со телесни повреди ,а додека во девет (9) сообраќајни незгоди причинета е само материјална штета, соопшти за апла.мк Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Лани од Општински совет за безбедност на сообраќајот во Битола на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи, соопштија дека воо првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи.

Нови 20 сантиметри снег наврнаа во ски центарот „Нижеполе“ на Баба Планина. Од Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со центарот соопштија дека нивните екипи ги подготвија терените за скијање, патот до Нижеполе е прооден,ски - лифтовите се во функција, а гостите можат да се згреат со топол планински чај во чајџилница. Таму ски сезоната продложува со несмален интензитет.

Поради обилните врнежи од снег и најавите за многу ниски температури во наредниот период, Советничката групa Поинаку, ја повикува градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и претседателот на Совет, Валентин Груевски,  во текот на денешниот ден да свикаат вонредна седница на Советот на Општина Битола, со една точка на дневен ред: „Превземање на итни мерки за справување со алармантната состојба во Битола, поради временската неприлика во која се наоѓа“.

„Доколку градоначалничката или претседателот не го сторат тоа, ги повикуваме советниците, без разлика на политичка определба да не поддржат во барањето и заедно да побараме вонредна седница на советот“, велат од Поинаку. 

Во Битола сеуште врне снег со зголемен интензитет. Во изминатите 24 часа новиот снежен бран од 30-тина, а наместа и 40 сантиметри, кој се надополни на веќе постоечкиот снег, донесе нови отежнувања во сообраќајот и одвивањето на секојдневните активности во Битола. Утринава, повторно започна координираната акција на Општина Битола со јавните претпријатија во градот, кои со своите екипи, иако постојано се на терен, ги мобилизираат сите свои капацитети за нормализирање на коловозите и тротоарите во градот и околните населени места, соопштија од Општина Битола. 

Во соопштението пишува дека од вчера, КЈП „Нискоградба“ на терен исфрли околу 30 тони сол и околу 50 тони ризла низ сообраќајниците, а ставена е во функција целокупната механизација за чистење на коловозите. До утринава, оспособени се улиците од прв и втор приоритет, а се чистат патните правци кон населените места надвор од градското подрачје на Општина Битола. Се очекува 90% од населените места надвор од градот до претпладневните часови да имаат проодни патишта кон градот, по што ќе се пристапи кон чистење на пристапните улици од градските населби, кои не се опфатени со планот од прв и втор приоритет.

ЈП „Комуналец“ со своите екипи врши чистење на тротоарите, мостовите и пешачките патеки за оспособување на движењето на граѓаните. По главните коловози, на кои има тротоари, чистењето се одвива со механизација, а наместа работниците чистењето го вршат рачно со лопати, по што тротоарите се попрскуваат со ризла. Паралелно, вработените го чистеа градското шеталиште и парковите во градот, кои веќе имаат проодни пристапи. Главен проблем со кој се соочуваат екипите на „Комуналец“ е отстранувањето на ѓубрето, кое е отежнато во помалите улици поради затрупаноста со снег, но исто така и поради пристапите до контејнерите со ѓубре, кои се затворени од паркираните автомобили. Од ова јавно претпријатие апелираат граѓаните да не ги блокираат контејнерите за отпад, а истовремено, поради отежнатата проодност во помалите улици, ги замолуваат граѓаните на трпеливост во однос на собирањето на сметот.

Од ЈКП „Водовод“ информираат дека во текот на изминатите 24 часа, поради попуштање на температурите на сегашните -3 степени, по вчерашните -15, пријавено е оштетување и пукање на околу 70 нови водомери. Од таму велат дека водоснабдувањето во градот е нормално и тековно, но ги замолуваат граѓаните да ги заштитат своите водомери, затоа што со покачувањето на температурите се очекуваат нови дефекти.

Јавните претпријатија на денешната координативна средба ги договорија и активностите околу отстранувањата на големите количини снег. Откако ќе биде намалена потребата од постојано чистење на коловозите и тротоарите поради врнежите од снег кои сеуште траат, во текот на наредните денови и во текот на престојниот викенд механизацијата и работната сила ќе биде вклучена во отстранување на големите количини снег кои се оставени на рабовите на коловозите, по Широк Сокак и Старата чаршија.

Претпладнево Општина Битола и СВР Битола ги договараа активностите во однос на поголема координација на битолската полиција за справување со актуелната состојба, со соодветни насоки за зголемена безбедност во сообраќајот и движењето на пешаците. Апелот од СВР Битола до возачите е да не ги паркираат автомобилите на улица, затоа што во вакви услови дополнително се блокира отежнатиот сообраќај во градот.

Општина Битола апелира до граѓаните на поголемо разбирање за актуелната состојба во градот поради енормните снежни врнежи, која е речиси невозможно да се предвиди во вакви размери. Исто така, Општина Битола апелира на поголема совесност до граѓаните да не го фрлаат снегот кој го чистат од домовите и тротоарите, на коловозите кои се веќе исчистени со механизација.

Најмладите битолчани  и овој зимски распуст го користат за да застанат на скии и да ги научат вештините на скијањето. На ски стазата Копанки“ деновиве неколку групи на деца од Битола од претшколска и школска возраст ги учат основите на белиот спорт. Дневно за часовите плаќаат од 300 па се до 800 денари по  дете, во зависност од условите во програмата за скијање.  

Најмладите првите чекори во скијањето ги прават со професионални инструктори со што Копанки  се сместува меѓу исклучително погодните скијалиште за семејства со деца и почетници во белите спортови. 

Од фотографиите кои ни ги испратија наши читатели денеска велат дека патот кој води до ски стазата Копанки  е чист и нема застој во сообраќајот.

2

Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР,  утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е  36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри.  Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што  дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.

Механизацијата на ЈП,,Нискоградба" попладнево го чистеше снегот на Широк Сокак и низ улиците во битолската чаршија. Во расчистувањето се вклучија и некои дуќанџии кои со лопати во рацете ги чистеа приодите до дуќаните. Од снегот што се чисти на среде Широк Сокак се натрупани купчиња,  па  минувачите го нагазуваат снегот, правејќи премини од една на друга страна од улицата. 

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на денешната прес конференција соопшти дека во Собранието има обезбедено мнозинство од 80 пратеници за усвојување на уставните измени согласно договорот од Преспа.

Продолжува поларната зима во Битола. И понатаму дневената температура останува под нулата, иако во текот на денешниот ден бележи покачување за неколку степени. Попладнево во Битола температурата изнесуваше -2 степени Целзиусови, а во текот на ноќта исто така се очекуваат ниски температури под нулата. 

Денес има и нови интензивни врнежи од снег. Снегот врне од шест часот наутро. Според прогнозите ќе наврнат уште триесетина сантиметри нов снег. Врнежите го отежнаа движењето по улиците, со оглед на тоа дека уште има и снег што наврна пред неколку дена,  а  и коловозите се подмрзнати.  
 49826051 2189695177720517 1529433138231508992 n
49938473 773837946312805 2758591596537577472 n
49647059 291825501520097 6026309239113252864 n
 
Чуварската служба на Наационалниот парк "Пелистер" денеска изврши прихрана на животните и птиците, кои во услови на сурова зима и дебела снежна покривка, тешко наоѓаат храна.
Новите снежни врнежи ја направија оваа потреба ургентна, па во текот на денешниот снежен ден беа распоредени храна и минерални соли во пределот на стопанската единица Пелистер, над селата Цапари и Нижополе, како и во стопанските едеиници Вртушка (Маловиште) и на Преспанската страна на на НП Пелистер, во стопанската единица Брајчино, над село Брајчино.
 
Вкупно беа распоредени 80 кг сол, 100 кг пченица, 50 кг пченка, 7 пакети со минерали и 35 бали со сено.
 
FB IMG 1547042322459
FB IMG 1547042312576
 FB IMG 1547042344171
 
FB IMG 1547042348748

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани