
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
,,Што и да верувате дека можете или не можете, во право сте,, (Хенри Форд)
Како што некогаш битолчани доброволно го градеа планинарскиот дом Копанки, така викендов планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и други граѓани доброволно се зафатија со расчистување на опожарениот дом. Во доброволната работна акција се изведуваат припремни земјeни работи со цел санација на домот кој изгоре пред пет години. Планинарите и доброволците го чистат домот од разрушени градежни материјали и вегетацијата со која беше обраснат. Акцијата го носи името „Сите за Копанки, Копанки за сите“.
На плоштадот во Ресен се одржа манифестацијата „Сквер арт“. 50-тина ученици од основните училишта од цела Преспа, на ликовната работилница под отворено небо, имаат слобода и можност своите креации да ги престават на плочките на градскиот плоштад „Цар Самуил“, на штафелаи, на хартија и на паноа. Организатори беа Дом на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен.
РЕК „Битола“ произведува струја само со еден блок зашто првиот е во ремонт, а вториот од синоќа е надвор од функција. Од ВМРО-ДПМНЕ денес обвинија дека блокот 2 испадна од мрежата, а од РЕК соопштија дека се работи за планско исклучување.
Печатена верзија на туристичката мапа на Битола деновиве се дистрибуира низ градот на педесеттина локации, во НП Пелистер, на граничниот премин Меџитлија и кај дел од такси превозниците. Туристичката агенција „Глобус клуб“ во соработка со „Инс Медија“ втора година по ред изработија туристичка мапа во 15 000 примероци која е сосема бесплатна.
Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека во изминатиот период имало вештачки часови во училиштата и дека сега тоа е отстрането. Сепак, по денешниот собир пред Општина на наставниците на кои им истекоа договорите, таа изјави дека ќе ги прими идната недела.
Oтпуштените наставници денеска и’ ја отсвирија „Ода на радоста“ , химната на Европската унија на градоначалничката Наташа Петровска пред вратите на Општина Битола. На четири транспаренти напишаа различни пораки прашувајќи ја градоначалничката „живот ли е ова“ .
Тие неколку пати досега побарале да се сретнат со градоначалничката Петровска, но досега не биле повикани на разговор.
„Мислам дека сите тука веќе со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори кои што се во тек и мислам дека двете страни ќе можат да најдат решение кое што ќе биде добро не само за двете земји, туку за целиот регион и за цела Европа. И се разбира за тоа да се случи мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи“, изјави Жбогар при денешната посета на Пелистер.
„Во земјава имате огромно природно богатство, чудесна природа, места кои се вистински бисери, но заштитата е само на хартија“, рече денеска постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, при промоцијата на грантот од 300 илјади американски долари, наменет за зајакнување на капацитетот на Националниот парк Пелистер за управување со заштитени подрачја.
Уникатни фотографии и теренски записи кои се дело на полскиот етнолог Јозеф Обрембски, којшто вршел теренски истражувања во Порече од август 1932 до март 1933, се претставени на изложбата „Поречаните“. Македонското Порече 1932-1933 во етнографската документација на Јозеф Обрембски“, која е поставена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола. Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече, и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел.