2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 На  13  јуни во 1943 г,  на денот на отпечатувањето на првиот дел од првата стихозбирка во слободната македонска литературна историја „Македонски народно-ослободителни песни“  во несреќен случај во Лопушник, Кичевско, загинал Коста Солев Рацин.

Од денеска почнува санацијата на ударните дупки на улиците во Битола и руралните средини кои се дел од општината, најави директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.

Изградба на фотоволтаична централа со јачина до 500 киловати од сопствени средства, планира ЈП „Стрежево“ од Битола. Станува збор за краткорочна или среднорочна инвестиција, од која претпијатието ќе обезбеди дополнителни приходи.

Битолчанка лумпувала во битолско кафуле, а пред да дојде полицијата побегнала, соопштија од СВР Битола. Според полицискиот билтен, битолчанката фрлала со чаши и шишиња во кафулето. Откако вработените ја пријавиле девојката за нарушување на јавниот ред и мир, кога полицијата дошла во кафулето, неа веќе ја немало. Од полиција велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолчанецот Александар Цуцуловски е избран за координатор на СДСМ за Пелагонискиот регион, соопштија од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Тој е еден од осумте новоизбрани регионални координатори на СДСМ во Македонија. Од СДСМ соопштија дека ова е нов начин на територијално делување на партијата, прилагоден на економските и административните развојни цели, застапувајќи ги планските региони подеднакво.

Средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов“ од Битола доби грант од Амбасадата на Германија за опремување на дел од училишните кабинети. Амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и в.д. директорот на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов" Владимир Роме потпишаа договор за грантот со вредност од околу 5500 евра. Со парите од грантот ќе се опремат кабинетите по физика и практична настава - електроенергетика во Техничкото училиште.

ВМРО-ДПМНЕ својот 28-ми родненден ќе го слави оваа недела со почеток во 13 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, дознава Апла.мк од партиски извори.

На роденденот се очекува да присуствува членство и симпатизери од цела Македонија. Збирното место ќе биде во близина на Спортската сала „Младост“, а потоа со дефиле низ битолското Корзо, поворката ќе стигне до плоштадот Гоце Делчев. Таму ќе се одржи партискиот собир, ќе се интонира македонската химна, се очекува да има обраќања и голема роденденска торта.

Битолачанец на среде  улицата Партизанска возејќи се ослободи од ѓубрето кое го носеше во автомобилот. Едноставно го отвори прозорецот и на очиглед на минувачите го фрли најлонот полн со отпадоци среде улицата  пред салонот за мебел „Симпо“ и си продолжи по патот. Како поминуваа автомобилите го распарчуваат најлонот, па улицата се преплави со отпадоци хартија и ѓубриште.

Вандали дивееле на Булеварот 1-ви Мај корнејќи ги металните столбчиња   од бетонот  и уништувајќи ги бехатон плочките на дел од патеките во близина на автобуската станица кај Црн мост.  

Граѓаните кои живеат во близина  се згрозени и револтирани од ваквото примитивно и недолично однесување на сторителите, со забелешка дека ваквото дивеење се повторува без да се најдат и казнат сторителите.

Членовите на партијата „Граѓанско демократска унија“ од Битола, незадоволни од дејствувањето и ангажманот на градоначалничката, Наташа Петровска, решиле да засадат цветови во дупките на улиците, со цел да и подарат, како што велат, симболичен букет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани