
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националниот парк Пелистер е меѓу осумте добитници на големи грантови од програмата финансирана од Европската унија за подобрување на управувањето со заштитени подрачја.
Општина Битола бара од Планинарско-спортскиот клуб "Пелистер" да ѝ ја отстапи сопственоста врз планинарскиот дом Копанки за да може да изврши целосна реконструкција врз опожарениот објект.
Вечерва во Малата сала на НУ „Завод и музеј“ - Битола ќе биде отворена изложбата
„Поречаните“ - Македонското Порече 1932 - 1933 год. посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.
Комплетниот извештај на Центарот за јавно здравје за регистрираните малигни заболувања во Битола за 2016 година погледнете го Тука
Четириесет и седум годишниот О.М. жител на село Долно Агларци, битолско, вчера на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола, се обидел да го потпали ѓубрето во еден од контејнерите, фрлајќи запалена хартија во него.
Од понеделник ќе биде обезбедена ампуларна терапија за болните од канцер во Службата за онкологија, соопштија од Клиничката болница во Битола. Од болницата велат дека проблемот настанал поради лошо планирање на ампуларната терапија од страна на претходното раководство, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендер од минатата година.
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, на денешната седница на Владата на РМ е прогласен за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што се обезбедува трајна заштита на локалитетот.
Сојузот на училишен спорт, денес им ги додели наградите на најуспешните ученици и екипи од основните и средните училишта во општината, кои во текот на учебната година, спортуваа, се натпреваруваа и освојуваа значајни резултати.
Во училишните општински првенства беа вклучени 3000 до 4000 ученици од 20 училишта, во вкупно 28 првенства во машка и женска конкуренција во кошарка, ракомет, одбојка, футсал, фудбал, шах, пинг-понг. По повод 4-ти ноември беше реализиран и ноќна трка. Сојузот на училишен спорт беше домаќин и на регионалните првенства во кошарка, футсал, голем фудбал и одбојка, а сите реализирани активности континуирано беа поддржувани од Општина Битола.
Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.
Викендов, од 1-3 Јуни 2018 год на Пелистер се одржа шестата по ред велосипедска Downihill трка организирана и спроведена од момците од велосипедскиот клуб Extreme Bike Team Bitola. Трасата на патеката се движеше од Копанки до Детското одморалиште во должина од 2,1 км и висинска разлика од 425м. Целиот натпревар беше спроведен според правилата на UCI (Union cycliste International).
На трката зедоа учество рекордни 57 натпреварувачи од 7 земји Македонија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Грција, Србија и Австралија. Учесниците се натпреваруваа во 4 категории и тоа; мажи и жени Хоби, мажи Јуниори, мажи Мастерс и мажи Елит. Во класата Хоби имаше тотална доминација на македонските возачи и првите две места ги зазедоа Додиќ Стефан и Давчев Даниел, додека третото место му припадна на Калуџеровиќ Лазар од Црна Гора. Во класата Јуниори првите три места ги освоија возачите од Бугарија, Анчев Јордан, Белезирев Румен и Кобуров Иван. Во оваа категорија најдобро пласирани возачи од Македонија беа Ѓорѓевиќ Лука и Угриновски Кристијан освојувајќи 5 и 6 место . Во најжестоката класа, односно мажи Елит, првите три места ги поделија Бугарите, Гатев Стивиан, Ковачев Росен и Нејчев Јоан. Нашите најдобри возачи освоија одличен пласман и тоа Николовски Александар 7 место и Даскаловски Јовче 8 место. Понатаму Фидановски Александар 13 место, Цветкоски Оливер 14, Јовановски Стефан 16, Цветановски Мартин 18, Здравески Ивица 20, Кулевски Христијан 21 и Демировски Артан 22 место, сите членови на велосипедскиот клуб Extreme Bike Team.
- После покажаниот одличен успех и како во натпреварот така и во организацијата, чувствуваме голем поттик, а и обврска да ја продолжиме традицијата со уште поголема организација и на повисоко ниво на натпреварување како што е класификација на трката во UCI (Union cycliste International). Дополнително мотивирани од огромната посетеност на овој настан од страна на љубителите на планината и спортот од нашиот град Битола, а и од цела Македонија и соседството, продолжуваме со нови сили во организирање на уште поголем настан со поголем број на возачи и со уште попредизвикувачкa и по адреналинска траса,велат од Extreme Bike Team Bitola.