
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Семафорот во близина на Гроздот во центарот на Битола, денеска попладнево делеше црвени срциња. На семафорот автомобилите застануваа на црвено срце, наместо црвен круг . Овој невообичаен знак го забележаа многумина, оценувајќи го како креативен чин и добра намера која шири позитивна енергија. Многумина од минувачите „вљубениот семафор“ ги асоцираше на 14 февруари Денот на вљубените, но и на некој добар гест на вљубен битолчанец.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечер во 20 часот во Општинскиот комитет на партијата во Битола, ќе оствари средба со членството и други симпатизери од градот и околината. Неговата посета на Битола му претходи на антивладиниот протест закажан за втори јуни пред Влада на Република Македонија.
Извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ), Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски потпишаа Меморандум за воспоставување на стратешка соработка. Со документот се овозможува заедничко спроведување идни проекти за одржлива употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина, преку инвестирање во најдобрите распложливи “зелени” технологии и ефикасни оперативни практики.
Имајќи во предвид дека РЕК Битола е најголем национален производствен капацитет на електрична енергија, а РЕЦ една од најголемите меѓународни организации кои работат на полето на животната средина, овој меморандум се очекува во иднина да обезбедува значајна помош при заштитата на животната средина во Битола, Пелагонија, Република Македонија, но и регионот на Југоисточна Европа.
“АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги препознаваат предизвиците на новото време и во таа насока се отворени за соработката со сите домашни и странски организации кои имаат за цел унапредување на искористувањето на обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина. РЕК Битола очекува Меморандумот за соработка со Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа да отвори нови перспективи за развој и имплементација на проекти за одржливо, ефикасно и еколошко производство на електрична енергија”, изјави по потпишувањето на Меморандумот директорот на РЕК Битола, м-р Васко Ковачевски.
РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум се обврзуваат на заедничка посветеност да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита. Ќе се стремат кон исполнување на приоритетните цели и стратегиските определби од инвестициската програма на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, меѓу кои се и зголемено производство од обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност,модернизација на постојните објекти, воведување на еколошки технологии и усогласување со националните и ЕУ стандардите.
Овие одговорности и практики се во чекор со меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на стакленички гасови (како протоколот од Кјото), но и за подобрување на конкурентноста на компанијата на пазарот на електрична енергија, имајќи ја предвид претстојната либерализација на пазарот на електрична енергија.
Учениците од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, со поддршка на нивниот професор по македонски јазик, Никола Трајковски, подготвија театарска претстава која беше изведена во Народниот театар во Битола. Драмата „Чорбаџи Теодос“ беше преработена во „Господин Теодос Мемето“, каде се обработени општествени теми и проблеми актуелни и за денешницата.
За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.
Државната изборна комисија склучи меморандум за соработка со здружението "Инклузива" и организира регионални работилници со цел обезбедување на еднаков пристап до избирачките места за време на гласање при избори.
Неколку години, додека трае изградбата на станбените згради во поранешната касарна во Битола, градежниот шут и ѓубрето се депонираше по ќошеви и места кои го нагрдуваат просторот, без притоа да се води сметка за тоа колку ваквата слика им пречи на веќе вселените станари. Конечно после долго време некои инвеститори се досетија дека просторот покрај нивните новоизградени објекти не е место за диви депонии .
Во тој крај, чифлик-сајбиите со полни кеси златници купувале села еден од друг. Турците помагале да се изградат цркви за да добијат пород. Имало жители со по 116 години, а на почетот на дваесетиот век села со импровизирани железници и жичници. Вака истражувачот Ѓорги Лазаревски го опишува минатото на давесетина села од новачкиот крај чие постоење било забалежано во турските тефтери од 1468 година, а денес се исчезнати од картата на Новаци. Тоа е една од најголемите општини по територија во Македонија, но и една од најретко населените. Така, од некогашните села Чегел, Петалино останале гробови, од Грдилово, Букри, Грабаново нема трага.
Иконостасот во црквата „Св. Димитрија“ во Битола е најголем по површина во храмовите низ Македонија, вели историчарот на уметност и советник конзерватор во битолскиот Завод и музеј, Ристо Палигора.
-Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија, како и за 63 километри од Кичево до македонско -албанската граница. Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија.