2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

За тотален хаос и безидејност во образованието, денес на прес конференција обвини Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

„Втора учебна година започнува под раководство на оваа Влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, сеуште нема учебници целосно. За шесто одделение, две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови“, обвини Марина Стефановска Јовчева член на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца, нивната иднина е во нашите раце и во нашиот глас, порача од Могила, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Тој денес во Пелагонскиот Регион, поточно во општините Могила, Новаци и Битола и ги повика жителите масовно да излезат во недела на референдумот и да гласаат за европска Македонија.

„Во недела се соочуваме со историска одлука , сите подеднакво одлучуваме за нашата иднина и сите сме исправени пред предизвикот и изборот- дали да одлучиме за изолацијата во минатото или за напредокот во иднината? Како генерација имаме обврска да ѝ помогнеме на нашата Македонија да тргне напред, ова е одлука на нашата генерација. Клучен чекор за тоа е референдумот во недела. Во недела секоја глас „за’’ носи подобра иднина за нашите деца. Што и да направите во недела, трајно ќе влијае врз иднината на нашиот живот, врз индината на држава. Што и да направиме во недела трајно ќе влијае врз иднината на нашите деца, на идните генерации. Иднината на нашите деца е во нашите раце и во нашиот глас’’, рече Кирацовски.

Нова јавна набавка за идеен и основен проект за гасификацијата на Битола се очекува да се распише  до крајот на оваа или на почетокот на следната недела во која ќе стои дека проектот ќе треба да ја земе предвид и топлификацијата на градот.

Жителите во пет битолски села  од денеска повторно  можат да добија здравствени услуги во руралните амбуланти. Објектите кои некогаш служеле за оваа намена,  во минатото биле затворени и оставени да пропаѓаат, а сега повторно се ставени во функција. Медицински тим, составен од доктор и медицинска сестра,  во определен термин во текот на неделата, ќе обезбеди примарна и превентивна здравствена заштита за жителите на селата Доленци, Цапари, Породин, Лопатица и Бач. Од Здравствениот дом во Битола најавија дека за скоро време ќе биде вклучен и втор медицински тим кој ќе работи во овие амбуланти.

- Засега населението ќе има еднаш неделно отворена амбуланта, но со вработувањето на вториот тим, ќе имаат двапати во неделата функционална медицинска заштита. Покрај прегледите, пациентите ќе можат да добиваат и ЕКГ услуги, мерење на гликемија, консултативни прегледи, а во иднина се размислува и за теренско делување кај немоќните пациенти. Проектот ќе биде во неколку етапи, а ова е само почеток, рече директорката на Здравствениот дом Битола, д-р Весна Спировска.

42492797 237244136969525 8500844729624166400 n

Прегледите во селата каде нема амбуланти досега се вршеа на крајно недостоинсвен , но и нефункционален начин, како за пациентите, така и за лекарите, односно здравствените услуги се даваа на улица или во несоодветни објекти.

-Со ставањето во употреба на овие амбуланти, пред се, му се враќа приватноста на пациентот при извршување на лекарските прегледи, а со тоа се враќа и достоинството на лекарите, кои досега вршеа прегледи на улици, кантини, во школи за време на летни распусти, ситуација која што навистина не наликуваше на ништо, додаде Спировска.

42498669 292955118201483 4061417269480128512 n

Проектот е во соработка со Министерството за здравство и претставува почеток во развојот на примарната здравствена заштита, односно можноста на секој жител во Македонија да ја добива оваа здравствена услуга, а Општина Битола, даде поддршка за инфраструктурно уредување на објектите.

-На овој начин практично им се олесни на локалното население согласно нивните потреби од здравствената сфера, да ги добијат здравствените услуги во овие пет објекти. Покрај олеснителната околност за локалното население, ќе се намалат  и гужвите кои што ги има во здравствените установи во градот, што претставува взаемен бенефит. Севкупната поддршка која што можеше да ја даде Општина Битола во инфраструктурното уредување, како на пример водовод во амбулантата во селото Породин, целосно ја даваше во сите амбуланти“, рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

42611741 266651550625852 5487365245183721472 n

Во обновувањето на веќе постоечките објекти, придонес даде и локалното население, кое се вклучи во активностите амбулантите повтроно да бидат ставени во функција. .

Смена во Здружението на пензионери во Битола,  на местото на досегашниот претседател Томе Илиоски, доаѓа Томе Димитровски, а примопредавањето на функцијата се случило утрово, без проблеми и со подадена рака, потврди Димитровски за апал.мк, кој  во наредните четири години ќе ги предводи битолските пензионери.

Согласно постапката што ја спроведоа членовите на Здружението на пензионери, Централниот регистер на 21 септември донесе решение за промена на овластеното лице, по што Димитровски е назначен за претседател,  а примопредавањето на функцијата се случи денеска

 

 

Утре вечер во битолскиот културен центар „Магаза“ во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, Кинотека на Македонија ќе приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележува 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“.

Под насловот „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и автономија“ во Битола ќе бидат изложени фотографии, документи, преписки, сценарија, прес-клипинзи, книги на снимање, сценографски скици, пропаганден материјал и друга архивска граѓа.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека по повод јубилејот, пред македонската јавност и филмската публика, ќе биде презентиран значаен дел од сочуваните материјали кои денес се дел од збирката на пишувана документација на архивот на Кинотека на Македонија.

Веднаш по својата премиера во 1958 година, „Мис Стон“ стана еден од најгледаните филмови во тогашна Југославија, во 1959 година доби три Златни арени на фестивалот во Пула, а наградите ги добија актерите Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ, како и сценографот Василије Поповиќ-Цицо.

Според архивски податоци, македонскиот игран филм „Мис Стон“ бил наградуван и на меѓународните филмски фестивали во Единбург во 1960 година, и во Њу Делхи, во 1961 година.

Во рамките на проектот #ЗНАЕШШТО кој го води Демокраси Лаб на национално ниво, денеска во соработка со  МКЦ Битола  се одржа дебата  на тема заштита на животната средина  и можностите кои ги нуди Европската унија на своите земји-членки при решавањето на слични предизвици.

Денес попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западниот дел од земјава, каде ќе има услови за краткотраен дожд.

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, по урнекот на Булеварот на ѕвездите во Холивуд, по 39 годишно постоење, за првпат доби постојана фотографска поставка која говори за богатата историја и плејадата светски филмаџии кои продефилирале низ Битола. Поставката е во ходникот на „Епинал“, хотелот во кој обично се сместуваат легендарните филмски ѕвезди од фестивалот. Поставката содржи 20 паноа со преку 500 висококвалитетни фотографии од фестивалот.

Јас ќе бидам многу среќен да слушнам алтернатива, да слушнам дебата за алтернатива, јас слушам само дебата за индентитет, а тој е гарантиран. Денес во 21 многу е поважно да зборувате за економска моќ оти тоа ви го дава идентитетот, ако вие сте ситуирани, со добри плати, кој ќе ви го земе иденитетот, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања денес на трибината во Жабени.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани