2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Евроамбасадорот Самуел Жбогар ги посети планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ кои на Копанки со сопствени средства и донации од граѓани го обновуваат планинарскиот дом на Пелистер што изгоре пред пет и пол години, а беше култно место за собирање на битолчани.

Жбогар ја погледна изложбата со постори што ја подготвија планинарите и ја прикачија за потпорите од објектот што се обновува. На тој начин евроамбасадорот го запознаа со историјата на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и со акцијата за санација на домот што започна од јуни насловена какo „Копанки за сите и сите за Копанки“. Бидејќи на местото се изведуваат градежни работи, планинарите на високиот дипломат му дадоа шлем за главата и маичка со амблемот на друштвото, кои тој ги стави на себе. Со ракавици на рацете Жбогар се вклучи и во дел од градежните работи што се одвиваат на теран.

На Копанки денес е и Емануел Рембер директор на Францускиот институт кој во јуни учествуваше во патувањето со мазгга и магаре по врвиците на Македонскиот фронт, како и претставници од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Планинарското друштво потпомогнато од други љубители на планината и волонтери успеа да го расчисти местото каде изгоре домот, да постави врзни греди, столбови, да шелова, а за утре планираат да ја стават и првата бетонска плоча во старата сала.47

45

46

50

51

Организаторите на ИФФК "Браќа Манаки" ги прават пследните подготовки за утрешното свечено отворање на 39то издание на фестивалот. Вечерва пред влезот во големата сала на Центарот за култура се поставува сценографијата и рефлекторите под кои утре на црвениот тепих ќе минуваат фестивалските гости. 

Ротари клубот „Битола Широк Сокак„ во соработа со јазичното студио „Лингва“, преку настанот „Цртежи на мирот“ го одбележа Меѓународниот ден на мирот 21-ви Септември. Станува збор за  настан кој се организира традиционално, секоја година.

- Идејата е преку детските цртежи да се промовира мирот во негова поширока димензија, да нема војни, конфликти, нетрпеливост и омраза.  Мир во секојдневниот живот, мир  со нашите пријатели, роднини, нашите колеги, соседи, мир со припадниците на другите националности и етнички групи, мир  кој секој од нас треба да го најде во себе си, велат организаторите.

Оваа иницијатива Ротари клубот Битола Широк Сокак ја реализира и во координација со Ротари клубот од Clearwater Beach од САД.

IMG 5a96e0e35c906d7738810d1a31bfd506 V

IMG 8c253d28f0ef0f20818c6f07bcd3330f V

IMG ad4e1323e4fc10f03cc0c9560a244891 V

Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.

Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето.

Поради изведување на градежни работи   на ул. „Св. Климент Охридски“ во Битола ( на потегот од ул. „Солунаска“ до ул. „Партизанска“),  на ден 22/23 септември 2018 година  ќе  има прекин во водоснабдувањето во период од 9 до 14 часот. 

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

Двата пожари кои избувнаа денеска околу пладне во Битола, се ставени под контрола и нема опасност по луѓето и куќите, информираат од општина Битола.

Попладнево пожар избувна на ридот над населбата Горно Оризари во Битола. Пламените јазици зафатија голем дел од шумската површина и тоа ниска трева и во дел борови стебла. На терен огнот го гаснат екипи на битолската Противпожарна единица, Јавното претпријатие „Комуналец“, а се вклучи и локалното население. Пожарот се јавил во повисоките делови од ридот, а потоа потпомогнат од топлото време и ветерот се прошири на стотина метри од населбата Горно Оризари. Причините не се занаат, но битолчани кои живеат во близина велат дека секое лето некој го потпалува ридот. 

Денес, во 12:13 часот заради струен удар на 110 киловолтен далновод, без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, меѓу кои и електростатскиот филтер на Блок 2. За среќа, производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола продолжи непречено, но за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на Блок 2 беше надвор од функција. Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем.

Притивпожарната единици од Битола потврди дека во моментов интервенираат на двете локации во населените места каде иам пожар, во „Бусничка“ и „Стрелиште“.

-Првиот пожар е пријавен во 13 часот кај „Стрелиште“ и таму гори трева , по 45 минути добивме дојава за пожар  во населбата „Брусничка“ подолу од првиот ред на куќи , во локација каде има треба и ѓубриште,потврдија за апла.мк од противпожарната служба во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани