2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

ВИЗИЈАТА ЗА БИТОЛА НИЗ ПРИЗМАТА НА МЛАДИТЕ АРХИТЕКТИ

 
Во Кристалната сала на Офицерскиот дом, во организација на Општина Битола и Архитектонскиот факултет во Скопје, со поддршка на КИЦ Битола, денес беше отворена изложбата на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар, на студентите од Архитектонски факултет Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин.
 
На отворањето на настанот се обрати секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, кој воедно изрази голема благодарност до студентите за презентираните проекти и визии за идниот развој на Битола.
 
Проф. д-р Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје посочи дека седум тимови составени од студентите изработија седум визии за градот, преку 29 проекти на избрани локации. 
 
Целта на овој проект е да се види како идните планери и архитекти размислуваат за градот, при тоа применувајќи ја современата метода за планирање, преку изработка на визии за правецот на движење на градот. До сега, планирањето се работело конвенционално, без да се земат во превид сите потреби и останати стратегии за целокупниот развој на Битола. 
 
Многу од проектите се остварливи, истакнаа студентите при отворањето на оваа изложба, но за реализација се потребни големи чекори. 
 
Изложбата ќе биде достапна за граѓаните и во наредните денови во Офицерскиот дом.

Денеска во Битола министерот за земјоделство Цветан Трипуновски  беше во посета на ЈП Стрежево и  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

 
Трипуновски објави дека со директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделство - Битола, Пеце Стојковски се договоривме од понеделник да се започне со информирање и запознавање на земјоделците со новата Програма за финансиска поддршка.
 
Земјоделците заслужуваат да бидат информирани во делот на субвенциите.
 
Со директорката на ЈП Стрежево, Вера Бешлиевска разговаравме за претстојната сезона за наводнување на посевите на земјоделците. 
 
Потребно е да се санираат дефектите се со цел земјоделците да немаат проблем со наводнување на посевите како изминатите години.
 
Со разговор и координација се решаваат етапно сите проблеми, земјоделецот и неговата работа не треба да страдаат.

РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ТРУД: НАЈАВЕНИ НОВИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ 

 
Развој на економијата, економски раст, создавање на нови работни места и вработување, пред се на младите луѓе, претставува главната интенција на Министерството за економија и труд, истакна при денешната работна посета на Битола, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Токму во оваа насока, ориентирани се и повеќе проекти кои веќе се реализираат, но и идните програми кои е планирано да бидат спроведени од страна на ресорното министерство.
 
„Од она што можеме да го видиме, Битола, навистина овие 3 години доживеа еден економски развој, еден пораст и тој продолжува со голем број капитални проекти. Министерството за економија и труд во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, веќе реализира повеќе проекти, а денеска посетивме дел од проектите, кои се реализирани од оперативната програма на АВРМ од претходната година, пари кои беа обезбедени од Агенцијата за вработување и помош од УНДП, во поглед на „Зелената економија“ и „Зелената агенда“. Преку вакви проекти се обидуваме да стимулираме отворање на нови бизниси, самовработување, помош на мали и средни бизниси, пред се во активности кои се поврзани со проекти за заштита на животната средина и развој на нови технологии на производство“, истакна заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, повикувајќи ги стопанствениците и граѓаните, да ги следат и да аплицираат на новите програми на Министерството и Агенцијата, кои ќе бидат активни кон крајот на овој месец и почетокот на идниот.
 
За економското придвижување во регионот потврдуваат и податоците на Регионалната стопанска комора.
 
„Ние сме регион со 5000 – 6000 правни субјекти, добро е што некои од микро преминаа во мали и средни компании. Значи дека, порастот кој го имаме оваа година од 3% и зголемен износ од 5%, зборува дека овој регион е потенција за развој на економијата во Македонија. Јас стално зборувам дека ова е локомотивата која што може да повлечи, посебно дека овој регион има добри ресурси, посебно за прехранбени производи за извоз и токму тука е заменик министерот за поддршка во стимулација посебно на мали и средни претпријатија и за поголем и конкурентен економски раст“, изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора, нагласувајќи дека заложбите на Владата мора да бидат насочени и кон задржување и враќање на младите и создавање на стручни кадри, преку квалитетно образование и практикантство.
 
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека политиките на локалната самоуправа и поддршката од Владата, се особено важни во подобрувањето на сите услови за економски развој, вклучувајќи ја и добрата инфраструктура, како еден од најважните услови за напредок. Коњановски потсети дека, локалната самоуправа со поддршка преку претходниот повик на Владата, обезбеди поддршка на 13 проекти од патна и подземна инфраструктура, 3 проекти за спортски објекти и 1 проект за објект со намена образование. Градоначалникот нагласи дека и за новиот повик на Владата, Општина Битола е веќе подготвена:
 
„Со 32 нови проекти, го очекуваме новиот повик на Владата. Подготвени сме да аплицираме, со вкупна сума на сите проекти околу 707 000 000 денари, максималниот износ кој би ни следувал како општина, а проектите се во висина од 830 милиони денари и истите планираме да ги дофинансираме. Тоа е од огромно значење за локалната економија и развојот на градот. Станува збор за значајни инфраструктурни проекти, а паралелно имаме сработено и друга проектна документација, за многу нови проекти, што секако е во контекст на создавањето услови за економски развој на градот“, изјави градоначалникот на општина Битола, на денешниот состанок со стопанствениците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани