
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола ги известува сите индивидуални корисници на вода за наводнување од системот на ЈП „Стрежево“ Битола дека ќе може да склучуваат договори за снабдување со вода за наводнување, за сезоната 2018 година, во Дирекцијата на претпријатието- Службата за наплата, почнувајќи од 07.30 до 15.30 часот , секој работен ден од 30.05.2018 година (среда) заклучно со 01.07.2018 година..
Д-р Марјан Танушевски реизбран е за претседател на Македонското научно друштво во Битола. Тој успешно го водеше Друштвото во изминатите две години, а со реизборот ќе биде на негово чело уште нови две години, поточно од 2018-2020-та. На изборното собрание беа избрани и нови органи на Друштвото.
Несовесни граѓани секојдневно се ослободуваат од непотребните предмети фрлајќи ги во реката Драгор. Денеска некој фрлил стар телевизор, а во коритото често може да се забележат апарати за домаќинство, мебел и друг отпад.
Преспа е еден убав град во Република Македонија, каде што има едно прекрасно езеро рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во Битола запрашан за тоа како ги коментира најавите за името Северна Македонија како решение на спорот со Грција и можниот договор во Преспа. Сѐ друго, рече тој е новинарска шпекулација.
Во попладневните часови Старата битолска чаршија наликува на галерија во под ведро небо, каде младите ликовни творци од целиот свет, учесници на годинешното 37 издание на „Малиот битолски Монмартр“, ги изложија своите дела што ги направија во изминатите пет дена. Годинава на „Монмартр“ дојдоа преку стотина млади уметници од целиот свет. Од десетиците ликовни творби кои се создадоа на „Монмартр“, жирито ќе ги избере најдобрите, односно бисерите на годинешната ликовна колонија..
Семафорот во близина на Гроздот во центарот на Битола, денеска попладнево делеше црвени срциња. На семафорот автомобилите застануваа на црвено срце, наместо црвен круг . Овој невообичаен знак го забележаа многумина, оценувајќи го како креативен чин и добра намера која шири позитивна енергија. Многумина од минувачите „вљубениот семафор“ ги асоцираше на 14 февруари Денот на вљубените, но и на некој добар гест на вљубен битолчанец.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечер во 20 часот во Општинскиот комитет на партијата во Битола, ќе оствари средба со членството и други симпатизери од градот и околината. Неговата посета на Битола му претходи на антивладиниот протест закажан за втори јуни пред Влада на Република Македонија.
Извршниот директор на Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Будимпешта (РЕЦ), Михаил Димовски и директорот на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, Васко Ковачевски потпишаа Меморандум за воспоставување на стратешка соработка. Со документот се овозможува заедничко спроведување идни проекти за одржлива употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина, преку инвестирање во најдобрите распложливи “зелени” технологии и ефикасни оперативни практики.
Имајќи во предвид дека РЕК Битола е најголем национален производствен капацитет на електрична енергија, а РЕЦ една од најголемите меѓународни организации кои работат на полето на животната средина, овој меморандум се очекува во иднина да обезбедува значајна помош при заштитата на животната средина во Битола, Пелагонија, Република Македонија, но и регионот на Југоисточна Европа.
“АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги препознаваат предизвиците на новото време и во таа насока се отворени за соработката со сите домашни и странски организации кои имаат за цел унапредување на искористувањето на обновливите извори на енергија и заштитата на животната средина. РЕК Битола очекува Меморандумот за соработка со Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа да отвори нови перспективи за развој и имплементација на проекти за одржливо, ефикасно и еколошко производство на електрична енергија”, изјави по потпишувањето на Меморандумот директорот на РЕК Битола, м-р Васко Ковачевски.
РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум се обврзуваат на заедничка посветеност да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита. Ќе се стремат кон исполнување на приоритетните цели и стратегиските определби од инвестициската програма на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, меѓу кои се и зголемено производство од обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност,модернизација на постојните објекти, воведување на еколошки технологии и усогласување со националните и ЕУ стандардите.
Овие одговорности и практики се во чекор со меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на стакленички гасови (како протоколот од Кјото), но и за подобрување на конкурентноста на компанијата на пазарот на електрична енергија, имајќи ја предвид претстојната либерализација на пазарот на електрична енергија.
Учениците од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, со поддршка на нивниот професор по македонски јазик, Никола Трајковски, подготвија театарска претстава која беше изведена во Народниот театар во Битола. Драмата „Чорбаџи Теодос“ беше преработена во „Господин Теодос Мемето“, каде се обработени општествени теми и проблеми актуелни и за денешницата.
За првпат сите средни училишта во Битола имаа можност да ги претстават своите капацитети на Саемот за средни училишта што се одржа на плоштадот Магнолија. На саемот седумте средни училишта на свои штандови се претставија со наставните програми, кадар, достигнувања на ученици, изработки и одредени услугуги со цел подетално да ги запознаат идните средношколци со својата понуда.