
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Француските војници кои се бореле на Солунскиот фронт (1915-1918) биле фасцинирани од издржливоста на македонската жена која за време на војната по полињата изведувала тешки физички работи за да го прехрани семејството. Ова го истакна францускиот полковник Макс Шивон, историчар и управител на Службата за историски и воени истражувања во Франција, на предавањето што го одржа во Битола по повод стоте години од Солунскиот фронт. Ваквиот впечаток го добил читајќи стотици писма кои француските војници им ги испратиле на своите роднини дома, а кои денес се зачувани во историските архиви во Франција.
Хорот „Сирма војвода“ кој функционира при Здружението на пензионери од Битола одржа целовечерен концерт во Малата сала на Центарот за култура. Под диригентство на Нико Наумов членовите на пензионерскиот хор изведоа петнаесетина староградски песни. За време на концертот имаше солистички и хорски изведби. Настапот истовремено се снимаше за да биде издадено DVD на „Сирма војвода“.

Не смее заштитата на животната средина да биде апсолутно на крајот од приоритетите. Државата треба да обезеди нормални прифатливи човечки услови за живот, а не да препушти единствено на стихија, на природа, да молиме да дувне ветерче за да се одвеат оние штетни материи што го загадуваат нашето опкружување, рече проф. д-р Контстантин Димитров, член на претседателство во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија на трибината за аерозагадувањето што ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Битола.
Битолчанката Олга Ристевска (72) нема волонтерска книшка, нема евидентирани волонтерски часови, но таа едноставно е родена да биде волонтер. Целиот свој живот го минала помагајќи им на други лица, па за својата хуманост неодамна доби престижно признание за долгодишен волонтерски ангажман доделено од Советот за волонтерство на Општина Битола.
Фабриката за опрема и делови- ФОД ДООЕЛ - Битола која е во склоп на А.Д ЕЛЕМ ја изработи и донираше целосната ограда за новата детска градинка во битолското село Кравари. Вработените во ФОД ја изработија оградата во различни бои и апликации од детските анимирани ликови.
Вредноста на донацијата изнесува околу 60.000 денари.
-Секојдневно доаѓаат барања од граѓани, здруженија, спортски клубови, училишта, цркви, манастири, јавните претпријатија кои бараат донации од нашата фирма од материјали и изработки што влегуваат во нашата дејност. Помагаме во многу случаи кои што се за општо добро на граѓаните. Како општествено одговорна компанија наскоро во соработка со Општина Крушево подготвуваме изненадување за љубителите на скијањето во Битола, вели за апла.мк директорот на ФОД, Методија Тасевски.
Битолското село Кравари доби нова детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинката работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални. Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците којшто егзистираат во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот којшто важи во овој момент се доволно и од повеќе привилегирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места“, изјави генералниот секретар на СДСМ и пратеник од Битола Александар Кирацовски.
Како што рече Кирацовски„не смееме, да размислуваме во тој правец, оној којшто бил избран и именуван функционер, избран од граѓаните, утре да биде попривилегиран повеќе од граѓаните и да оди на работно место кое што впрочем можеби го заслужува некој од граѓаните, додаде тој .
Пратеници од собраниската група за реформи предложиле да се донесе нов закон за подобрување на статусот на народоните избраници по истекот на мандатот. Иако се тврдеше дека ова тело ќе ги подготвува законите неопходни за преговори со Европската унија, сепак пред него се најде и овој закон.
Во меѓународен проект заедно со наставници и ученици од Норвешка, Финска, Италија, Франција и Германија, наши професори и гимназијалци од СОУ„Таки Даскало“ од Битола учат што е одржливост и што значи да се биде активен граѓанин. Стекнатите искуства оваа недела беа претставени на презентација во Гимназијата.
Гордана Јордева, наставник и координатор на проектот вели дека во заедничкиот меѓународен проект целта е нашите млади да научат што е одржливо живеење на локално ниво наспроти глобализацијата во светски рамки.
Во организација на Клиничка болница Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот COMETECH, дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020. Имено се работи за грант добиен од Европската Унија во рамките на споменатата програма во кој Клиничка болница Битола е еден од петтте партнери. Водечки партнер е Александар технолошки и образовен институт од Солун,како и Општата болница од Велес и Лекарската комора на Солун.
Изграден е новиот полигон за полгање на практичниот дел од возачкиот испит во Битола. Тој е донација од Сообраќајниот испитен центар „АМ ДООЕЛ- Битола“, земјиштето на кое ќе биде сместен, на излезот од градот кај населбата Горно Оризари, е во сопственост на Општина Битола, а со него ќе управува јавното претпријатие „Нискоградба“.
