
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Населбите во поширокото централно градско подрачје на Битола, како што се Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат пазар имаат екстремно аерозагадување, посебно во периодот после 15 часот, што се поклопува со периoдот на стабилизација на струењето на воздухот (Пелагонија - Пелистер) и потпалувањето на огништата со дрва. Тогаш токсичните ПМ честчки достигнуваат највисоки концентрации. Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера, во градот се регистрирани два алармантни реони на аерозагадување.
Три ученички и две професорки од Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола присуствуваат на едукативна средба за заштита на живтната средина што во следните пат дена се одржува во Крф, Грција. Битолчаните се дел од проектот за „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ на Еразмус плус програмата, во кој се вклучени и училишта од Италија, Португалија, Романија, Полска и Грција.
Разбојник со вперен пиштол во вработените ограбил аптека во Битола. Настанот се случил синоќа околу 20 часот, кога во битолската полиција било пријавено Разбојништво од страна на вработена во аптека лоцирана на ул.“Филип Втори Македонски“. Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет, извадил и репетирал пиштол, и откако ги зел парите и еден мобилен телефон се дал во бегство.
Александар Марковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција е назначен за ве-де директор на ИЗ „Жабени“ крај Битола. Марковски доаѓа директно од бизнис секторот, а претходно беше ангажиран и во неколку деловни банки во одделите за бизнис кредитирање.
-Во моментот кога го преземам работењето со индустриската зона „Жабени“ таму работи еден активен клиент со 5000 вработени, друг инвеститор е во завршна фаза на градба, а од Владата на Р. Македонија најавена е турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, изјави за Апла.мк, Марковски.
Со едукативна трибина во орагнизација на Центарот за европски развој и интеграции, Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија- Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромската заедница и Организацијата на жени од Битола, беше одбележан Денот на социјланата правда-20 февруари. Целта на оваа трибина е да се актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност , и да се подигне степенот на информираност но и ангажираност на граѓаните за остварувањето на принципите на социјална правда кои се предуслов за просперитетно и хумано општество.
35 годишната битолчанка Мери Тошевска, болна од мултиплекс склероза, живее под кирија во стан во зграда на улицата „Партизанска“ во Битола, каде нема пристапни рампи и лифт за да излезе надвор. Бидејќи тешко се движи, доколку сака да вдише свеж воздух мора родителите со помош на соседите да ја кренат заедно со инвалидската количка и да ја пренесат преку единаесет скали.
Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почна главната расправа по предметот „Транспортер“ каде обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба.
Белградскиот мецосопран Ана Синицки деновиве со родителите ја посети Битола, градот од каде потекнува нејзиното семејство. Мајка ѝ е битолчанка, а татко ѝ има руско потекло, но и тој живеел во Битола.
Иако Ана е родена во Белград, а досега живеела во Србија, Италија и САД, таа вели дека во срцето се чувствува како битолчанка.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со ОУ „Даме Груев“ – Битола денеска го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Возач од Битола со иницијали П.Ц. во текот на вчерашниот ден бил пронајден починат на царинскиот терминал на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Лицето на засега непозната возраст од вчера бил на терминалот во Куманово за да ги среди документите и обврските за камионот во кој што останал да преноќи. Во текот на утринските часови, околу 07:20 часот бил пронајден мртов.