
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Макар што грчката атмосфера ја заматува пропагандата, што е злостор спрема нашиот народ и спрема другите народи, денес, сакале ние или не, пред светот се раѓа македонската држава, народна држава, за чие создавање многу јуначки срца престанаа да бијат во градите на своите јунаци, но за нас отчукуваат нови тонови поради што се поставува и задача пред секој чесен човек, на Словеномакедонците да им дадеме права соодветни на грчката стварност“.
Семејство од Битола очекува државата да набави иновативен лек кој е неопходен за да заздрави нивниот 25 годишен син кој веќе два пати имал трансплантација на црн дроб и уште една операција заради одредена компликација. Апелот што побрзо да се набават иновативните лекови за ретките болести го упатија од ХЕПАР Центарот од Битола при денешното одбележување на Денот на лица со ретки болести.
Градоначалникот Живко Гошаревски на интернет страницата на Општина Ресен по повод првите сто дена од својот мандат напиша дека од претходната локална власт наследил долг над 2,9 милиони евра кон 560 доверители и блокирана сметка над 1,1 милион евра. Ваквата ситуација Гошаревски истакнува дека негативно влијае врз секојдневното работење, но се прават обиди за стабилизација на Општината.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово-Дебар, Стража-Кичево и на планинскиот превој Пресека. Забраната на Ѓавато престана да важи од 12 часот и 30 минути.
Поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините , изнфомрираат од АМСМ.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП„ Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
-Дежурните екипи на ЈП„ Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, информираат од ЈП Македонија пат
Снежната пкривка утрово во 8 часот во Битола изнесуваше 16 цм, а температурата изнесуваше -4 степени.
Денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата во интервал од -4 до 1 сепен.
И понатаму ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови а краткотраен снег е можен и во ноќта од среда кон четврток, кога ќе има прекин на врнежите.
Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и -10 степени.
Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат.
Битола утрово осамна со снежна покривка од 16 сантиметри и уште во текот на ноќта во првите шест часа од снежните врнежи, ЈП „Нискоградба“ ги исчисти улиците од прв и втор приоритет.
-Исчистени се улиците од прв и втор приоритет уште во текот на ноќта, а подоцна и приградските населби. Напочеток беа посипени ризла и сол , а откако наврнаа над десет сантиментри снег ја вклучивме целокупната механизација на претпријатието, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“ во Битола, за апла.мк.
По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.
На сите сообраќајни патни правци во државава се забележуваат врнежи од ситен снег.
Домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70 проценти во емисиите на ПМ честичките, согорувајќи дрво во огништата, пишува во брошурата што Регионалното здруежение на географи „Геосфера“ ја објави со детална анализа на аерозгадувањето во градот. Во Битола над 62 проценти од домаќинствата согоруваат дрво за затоплување. Согорувањето на дрво во емисиите на ПМ 10 честичките учествува со 39 проценти, а во ПМ 2,5 честичките дури со 57 проценти. Често се користи огревно дрво со висок процент на влага, кое создава многу големи количини на ПМ честички.
Од утре Македонија ќе биде под влијание на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја, а од вторник температурите ќе се спуштат и под -10 степени.
Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, го посети „Малиот битолски Монмартр“ при посетата на Битола. Раководителот на студиото, Коста Хаџиантоновски, лично му ги презентираше состојбите во ликовната колонија, но амбасадорот имаше можност да види и дел од најдобрите ликовни бисери со кои располага „Малиот битолски Монмартр“.
Хаџиантоновски е еден од ретките Македонци, кој има добиено три награди од Република Франција: медал за високи достигнувања од областа на уметноста што му го додели француското Министерство за култура, потоа наградата „Адмиралот на честа“ на Градот Париз, како и наградата „Монмартр на Европа“.