2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Попладнево поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато, како  и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили, известуваат од АМСМ

За пет години, поточно во периодот од 2013 до 2017 година Општина Могила од општинските пари потрошила 52 433 евра за кафански сметки, обвини градоначалничката Јасмина Гулевска во соопштението што денес го испрати до медиумите, а воедно го објави и на својата фејсбук страница.

„Еве како недомаќински и неодговорно се трошеле општинските пари. Од 2013година до 2017година вкупно потрошено за кафански сметки 3 224 624 денари односно 52 433 евра. Од 2013година до 2017година тендерот за прехрамбрени продукти кој го добил фамилијарно близок на претходниот градоначалник вкупно потрошени се 1 385 548 денари односно 22 565 евра. Патот е трнлив и макотрпен меѓутоа општина Могила ќе биде одговорна,домаќинска и одговорна општина“, напиша Гулевска.

Пред неа со општината раководеше екс градоначалникот Стевче Пивковски, кој на изборите во 2013 година беше независен кандидат, а на минатогодишните локални избори неговата кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.климент Охридски“ – Битола  утре,   14.02.2018 (среда) со почеток во 13 часот во просториите на библиотеката, ќе го одбележи  Меѓународениот   ден на подарување на книга и Денот на вљубените со рецитирање на поетски творби од  македонската љубовна лирика.

Кривичните пријави што полицијата ги поднесе денес против ЕЛЕМ и петмина поранешни директори од РЕК „Битола“ произлегле од истрагата што била покрената по пријавата на здружението „За нас се работи“, потврдија од СВР Битола.

Црвениот Крст-Битола во соработка со СВР-Битола и општинските организации на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Службата за итна медицинска помош, денеска во основното училиште „Коле Канински“-Битола одржаа вежба за дејствување во услови на земјотрес.

Битолската полиција поднесе кривични пријави  против ЕЛЕМ  за загадување на животната средина и природа, како и против петмина поранешни директори и раководители во РЕК „Битола“, осомничени за соизвршителство во ова кривично дело. Тие пропуштиле да ги реконструираат филтрите на РЕК и дозволиле да се пропуштат штетни честички повеќе од дозволеното, а при отпепелувањето на одлагалиштето да се создаваат вртлози од пепел со што се зголемило загадувањето.   

Коста Хаџиантоновски, основачот на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, по 37 години од „Мал битолски Монмартр“ и 36 години од Националната галерија, лобира и бара чаре како да обезбеди простор во градот за депо и галерија за над 55 илјади  жирирани детски ликовски творби, собирани низ годините.

Нема да дозволиме гасот да стигне до општина Битола, а во градот да не биде поставена примарната мрежа, рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на денешната средба со директорот на Македонски енергетски ресурси-МЕР, Благојче Котевски, кој најави дека до јануари 2020 година гасоводната мрежа ќе стигне до Битола.

Општина Битола ја чинеше близу 9000 евра годинешниот дочек на Новата година на плоштадот Магнолија. Оваа сума е 6 пати помала во споредба со сумата  која ја трошел поранешниот градоначалник  Владимир Талески, или само 16 проценти од она што тој го прикажувал како трошок. Само еден месец по дочекот на Новата година, Општината даде отчет за потрошените пари, за разлика од бившата власт која 12 години не кажа колку чинат новогодишните забави и „Битфест“.

Грчката противпожарна бригада  на својот Твитер профил објави видео од извлекувањето  на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои  вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна.  

1

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани