
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во битолскиот затвор ќе биде формиран оддел каде што ќе бидат сместени книги кои затворениците ќе можат да ги позајмуваат за читање.
Вчера околу 18 часот младо момче од Битола на 23 годишна возраст си го одзело животот. Според податоците од СВР-Битола, несреќата се случила во семејната куќа на момчето М.А на улицата Булевар 1-ви Мај. Тоа било само дома , па членови на семејството го затекнале со прострелна рана во главата. Основното јавно обвинителство наредило обдукција.
До јануари 2020 година гасот треба да стаса до Битола, вели Благојче Котески директор на МЕР.Тој вели дека иако е „неблагодарно да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси“.
Со утрински литургии по црквите, денес започнува празнувањето на Божиќ, празник посветен на раѓањето на Исус Христос. Верниците денес се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, а се одговара: „Вистина се роди“. .
Стотици деца од Битола утрово и пееја коледарски и црковни песни на градоначалничката на Битола , Наташа Петровска. Настанот се случи пред општинската зграда, а Петровска им посака многу здавје и безгрижно детство. Дечињата носеа икона спилион која ја симболизираше пештерата каде е роден Исус во Витлеем, а Петровска им подели коледарски кеси.
Вечерва низ битолските маала пламнаа коледарски огнови. Ова е традиција со која се најавуваат престојните празници- Бадник и Божиќ.
Јавните претпријатија „Стрежево“ и „Комуналец“ го исчситија отпадот од купишта расфрлени пелени во близина на вештачката акумулација „Стрежево“.
Навивачката група Чкембари од Битола, побара мнозинските акционери да си ги иполнат своите обврски кон ФК „Пелистер“, откако денеска Општина Битола, објави дека клубот е клинички мртови и упати апел најдоцна до утре останатите акционери да си ги платат долговите. Чкемабрите предупредија дека нема да бидат неми набљудувачи на случувањата во ФК „Пелистер„
Спортски риболовци од Битола реагираат дека во близина на акумулацијата „Стрежево“, од каде градот се снабдува во вода, е фрлен отпад со купишта искористени пелени од возрасни лица, јавува порталот сдк.мк.