
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Универзитетската библиотека „Св. Клмент Охридски“ –Битола и Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, денеска ги промовираа книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Акадмеско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.
По студентските протести во понеделникот во Битола против промената на името, 16 кракото сонце заврши во рацете на Коњаникот на плоштадот Магнолија. Некој го стави на споменикот на Филип Втори кој се издига на плоштадот Магнолија каде беше и студенскиот собир. Споменикот беше подигнат пред седум години од страна на претходната локална власт на Битола. Филип Втори на животи видел многу битки, а неговиот споменик многу бои. Откако е поставен сведок е на бројни протести и партиски митинзи. Тие му се најчести во агендата. Има само седум години, а доживеа бурна историја. „Шарените“ го боеа, други го чистеа, поранешните градските власти едно време го претворија во лампион, сега служи како збирно место за протестите поврзани со зачувување на јазикот и името. Едни му испишаа недолични цртежи и зборови, а други му прикачија знаме да ги води. Коњаникот во срцето на градот е уште еден доказ за поделеноста на народот. 
Од Битола, поточно од дворот на Клиничката болница, стартуваше обиколката на Mобилниот инфо хеп центар за бесплатни и безболни прегледи на црн дроб и тестирања за хепатит Ц и ХИВ вирус низ повеќе градови во земјава. Станува збор за медицинско возило кое е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб, добиено како донација од Брисел, а содржи најсовремена опрема за дијагностика. Прегледите се безболни, траат по пет минути, наликуваат на контрола со ултра звук и ја заменуваат инвазивната метода на биопсија на црн дроб.
Црквата „Св.Петка“ сместена во единственото село во Националниот парк Пелистер, Маловишта, чува Галерија на икони, ремек дела на познати зографи, стари и по пет века, која во последните години привлекува се повеќе посетители.
Наредната учебна година во седумте средни државни училишта во Битола, се отвараат вкупно 1966 слободни места за полуматурантите, јавува ТВ „Тера“. Бројката во Конкурсот на Министерството за образование е поголема од минатите години. Годинава во средносто Економско училиште е предвидена уште една паралелка. Ако минатата година со 4 годишно образование имаше 3 паралелки, годинава има 4 паралелки , и плус една паралелка со тригодишно образование.
Од Европската унија стигнаа добри вести за нашата Македонија. Имаме чиста препорака за почетокот на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ, вели во честитката Александар Кирацовски од СДСМ.
Започна реконструкцијата на делот од Булеварот „Први Мај“ кај старата битолска чаршија. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот кај Безистенот до Ленски мост. При зафатот се остранува старата коцка.
Градоначалничката Наташа Петровска на својот фесјбук профил вети дека активностите ќе се одбиваат ударнички и квалитетно во интерес на граѓаните, дуќанџиите и посетителите на Битола.
Професорката од Факултетот за информатички и комуникациски техологии од Битола, д-р Мимоза Богдановска Јовановска, е избрана за член во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор оформен по иницијатива на Генералниот секретаријат на Владата на Македонија. Професорката од Битола беше предложена како член од Научното друштво на Македонија со седиште во Битола, со што за првпат во историјата на Друштвото се случува директно на национално ниво да биде вклучено во креирањето на јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор.
На 17 април 2004 година во Скопје почина најмладиот народен херој во цела некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа потпишаа два договора за финансирање на конкретни активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
