2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Сончево со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска . Утринската температура  се движеше  од два до девет степени, а дневна од 16 до 26 степени.

Максималнанта дневна температура  во Битола 23 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и  топло, а температурата во Битола ќе достигне до 23 степени.

Кога ќе ги прашаш луѓето ,,што имаат“, многу потешко одговараат, размислуваат, се обидуваат да се присетат - отколку кога ќе поставиш прашање ,,што немате“ или ,,што сакате да имате?“ И зошто е тоа така?

12 фудбалери од Фудбалскиот клуб „Пелистер“ и еден физиотерапевт претпладнево се затруле со храна откако јаделе во ресторан во Велес. Од ФК „Пелистер“ ја потврдија информацијата и велат дека фудбалерите биле однесени во велешката болница каде примиле инфузии. Фудбалерите денес требаше да играат натпревар во 16 часот во Скопје, а на пат за главниот град, запреле во Велес да јадат. Неколку часа по јадењето, им се јавиле стомачни тегови, па биле однесени во болница. Поради нивната здравствена состојба, натпреварот во Скопје е одложен.

Ставен  во употрена е шадрванот пред Јени џамија во центарот на Битола. Реконструкцијата на шадрванот траеше неколку месеци при што во централниот дел  поставен е мермер, а во кружната фонтана зачувани се старите камени коцки. Реконструираниот шадрван доби осветлување и од него потече вода. 

Шадрванот бил подигнат  пред неколку децении, но се верува дека таму постоел уште постар, опеан во песната која му била омилена на Кемал Ататурк. 
 

Ресенчани и ресенските екологисти го кренаа својот глас против туланата „Нова слога“  во Ресен, која тврдат дека ја загадува животната средина и им го загрозува здравјето, затоа што во процесот на производство како енергенс користи петрол кокс. Посебно се жалат жителите кои живеат на стотина метри од фабриката за производство на тули и ќерамиди, кои велат дека веќе 5 години го дишат чадот што се испушта при согорувањето на отровниот енергенс и прашината што се создава при секојдневното минување на камините во населбата. Велат дека не бараат фабриката, во која има седумдесетина вработени да се затвори, туку да престане употребата на енергенсот, кој, како што велат,  секојдневно ги труе.

Сите граѓани кои сакаат навремено да ја пријават состојбата на водомерите и да ја  платат својата сметка електронски можат да се регистрираат на страната на ЈКП „Водовод“.

Од ЈКП „Водовод“ информираат-  за брзо, сигурно и едноставно онлајн-плаќање можете да го користите нашиот портал 24/7 без провизија за плаќање на вашата сметка за потрошена вода. Следете го следниот линк http://vodovodbt.mk/portal/Login.aspx…

Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола. Настанот се случил вчера околу 9 часот.

Преку програмата Еразмус млади битолчани на размена во Анкара, членови и волонтери на Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола учествуваат на меѓународна младинска размена во Анкара на тема: Make the world green - Направи го светот зелен.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани