
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најпознатата битолска улица Широк Сокак досега осум пати го менувала името. Опстојувајќи со векови, секоја нова власт ѝ го менувала името. Била нарекувана по султани, српски кралеви, бугарски цареви, југословенскиот маршал, за на крај битолчани да си го наречат само Широк Сокак.
Ѓуро Илиќ е назначен за нов претседател на Општинската изборна комисија во Битола. Илиќ е со долгогодишно работно искуство од над 30 години во Општина Битола, а над 20 години е раководител на Секторот за правно-нормативни административни и општи работи при Општина Битола. Се чека официјално објавување во Службен весник, потврдија за апла.мк од Општина Битола. Илиќ доаѓа на местото на Зоран Насев кој пред извесен период го напушти работното место во Општината и замина во приватен сектор.
Граѓаните на Битола се уште не практикуваат кога ќе го чистат домот и визбата од стариот мебел, дека треба само да се јават во ЈКП „Комуналец“ , и од таму бесплатно да дојдат со возило да го соберат и сортираат отпадот.
Во јуни годинава во Битола имало трипати повеќе странски туристи отколку пред осум години, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Според нивната база на податоци, во јуни 2018 година Битола ја посетиле 2571 странски турист, а истиот месец 2011 година 859. Во јуни ова лето биле регистрирани 6670 ноќевања од страна на странски туристи, а истиот месец пред осум години 1595 ноќевања што е дури четири пати повеќе. Сепак, не се работи за нагло зголемување на бројот на странски туристи, туку тој постепено се зголемувал во изминатите години.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 август, во 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Вчера, во битолскиот „Завод и музеј“, Сојузот на борци од Битола ја промовираше книгата „Вермахтот и Македонија 1943 - 1944 година “ од авторот Д-р Роберто Трајковски.
На денешен ден, 18 август во 1943 година на планината Славеј, е формиран НАРОДНООСЛОБООДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „МИРЧЕ АЦЕВ“, односно Првиот баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Тоа била прва регуларна воена единица на партизанската војска во Вардарскиот дел на Македонија.
Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани. На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име.
Поради зачестените појави на бесправно користење на вода на територијата на град Битола и околината каде ЈКП „Водовод“ Битола врши дистрибуција на вода за пиење, во наредниот период ќе бидат организирани зачестени контроли од страна на ЈКП „Водовод“.
При контролите странката е должна да им овозможи пристап на контролорите до местата на потрошувачка на вода, како и до мерилото-водомерот. За сите физички и правни лица кај кои ќе бидат констатирани неправилности ќе се преземат мерки согласно Правилникот на ЈКП „Водовод“ Битола и Кривичниот закон на РМ.
