2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Паркиран автомобил  пред битолската "Магаза", а неколку метри потаму камион натоварен со огревно дрво минува низ плоштадот  "Магнолија". 

Шарена Чешма над баирското училиште „Тодор Ангелевски“ каде и ова лето се разладуваат битолчани од летната жега, постоела и пред сто години. Доказ за тоа е фотографијата од чешмата што била искористена за да се направи разгледница во времето на Првата светска војна. Разгледницата деновиве беше објавена на интернат блогот Битола низ годините и деновите што поминале и доаѓаат.

Мандатни казни од по 50 евра во последните два месеца Комуналната испекција му изрекла на 95 возачи кои своите автомобили ги паркирале несоодветно, а најголемиот дел од нив по тротоарите и тревните површини на Офицерски дом.

Битолската млекарница „Бимилк“ и оваа среда подготви ново изненадување за своите потрошувачи. Вработени од Млекарницата со возило на „Бимилк“ до работните места и домовите на дел од своите потрошувачи во Битола им доставија пакетчиња со здрав појадок.

Ова беше одлична можност за нов супер-здрав појадок и за активен почеток на новиот работен ден. Појадокот се состоеше од коктел од сокови полн витамини, мафина и овошен мус со одличен вкус. Акцијата е насловена „Бимилк- појадок во среда“, а во рекламниот материјал со порака стои: „Одлична можност за нови почетоци, нови информации, откривање на нови вкусови“.

Општина Битола денеска ја објави листата на учесници кои добија финансиска поддршка на годинешното издание на БИТ ФЕСТ

Граѓаните кои живеат во зградите во близина на Градскиот зелен пазар во Битола, се жалат дека продавачите на земјоделски производи, но  и купувачите ги окупираат зелените површини и пешачките патеки на улиците околу пазарот, особено поранешната улица „Едвард Кардељ“.

Општина Битола работи на усогласување на проектите за изградба на гасификација и топлификација  во Битола.  

-Во фаза на евалуација на доставените понуди од страна на ЕЛЕМ Скопје усно и писмено, Општина Битола  е информирана дека проектот топлификација на Битола е повторно актуелен.

Времето денеска е сончево и топло со слаб  ветер од променлив правец, а попладне во западните планински предели можна е појава на  краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура е во интервал од 29 до 36 степени.

Од денеска, 13 август, во Клиничката болница во Битола започнува пилот програмата со која магнетната резонанца работи 24 часа секој работен ден,  поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од битолската болница.

Театарската претстава за Ѓерѓ Кастриот Скендербег, од албанско-американскиот актер Џеват Лимани, вечерва во 19 часот ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за клутура -Битола, како дел од програмата на Битфест. Улогата на Доника ја толкува сопранот Ера Хоџа, додека другите ликови се појавуваат преку филмски секвенци и гласови.

Музиката е на  Александар Пеци, костимографија на  Енкел Дика, додека сценографијата на  Кристак Капедани. Режијата ја направија Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани