2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Вработената која утрово околу 11 часот падна од балкон во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола по извршени прегледи попладнево е пуштена на домашно лекување, потврдија за апла.мк од оваа установа.

Кон крајот на денешниот ден следи постепено стабилизирање на времето, а ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, поизразен во северните делови.

Утре ќе има услови за краткотраен дожд во јужните делови од земјава. Потоа следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Температурата во Битола во текот на утрешниот ден ќе се двжи од 18 до 30 степени

Топло и сончево со температури до 37 степени метеоролозите најавуваат и за следната недела

 FB IMG 1533307185617

Градежните активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа во село Лавци и Брусничко лавчанската населба се во полн ек, а со реализација на оваа инвестиција од 20 милиони денари,  се решава еден од најголемите проблеми на жителите, кои ќе добијат квалитетно водоснабдување и ќе се поврзат на градската канализациона мрежа.

Во кома е вработена во старскиот дом „Сју Рајдер“- Битола откако денеска околу 11 часот доживеала несреќа на работа кога поднала од балкон и се повредила.Настанот за апла.мк го потврдуваат и од битолската полиција и од болницата.

На Булеварот 1 Мај,  над  Црн мост, несовесен возач го паркирал камионот на пешачкиот премин, и го оставил неколку часа, реагираат жители од оваа населба кои со бебешки колички и мали деца морале да го заобиколуваа и да се изложуваат на опасност од автомобилите на коловозот.

Срамното паркирање во Битола продолжува како во центарот на градот, туку и на периферните населби.

Во декември лани битолчани фотографираат возачи кои прават сообраќајни прекршоци низ градот и ги објавуваат во албумот „Битолски сообраќаен срам“ на фејсбук страницата „Битола на точак“, иницијатива која се залагаше  граѓаните повеќе да користат велосипеди отколку автомобили. Но, очигледно тоа не вроди со плод, не ги засрами несовесните возачи.

Нова фасада се прави на зградите на Основниот, Апелациониот суд и Обвинителството во Битола. Обновата на фасадите следува по повеќе од две години од „Шараната револуција“во Битола , во мај 2016 година, кога битолчани учесници на протестите ги обоија судовите барајќи оставка од претседателот Иванов и сега екс градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Порака за обединување на македонскиот народ упати Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата на иселениците на Семакедонската средба во Трново. Но, потоа Тодор Петров, од Светскиот македонски конгрес порача дека денешните пратеници во иднина ќе се нашле во Идризово и ќе им се конфискувал имотот заради велепредавство со името. Иако Илинден е празник на сите Македонци, пораките за заедништво беа засенети од оние против власта и референдумот.

Архимандритот Никодим Царкњаз рече дека Македонија од античко време, па до денес е иста држава, нагласувајќи дека и Филип се родил тука во Битола.

Почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна, делагација на Општина Битола, Советот  и Сојузот на борци оддадоа пред на Споменикот на револуцијата во центарот на Битола.

Неколку стотици гости во Големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа заедно со познатата македонска пејачка од Битола, Виолета Томовска, ја испеја песната„Битола мој роден крај“. Ова беше еден од највпечатливите моменти на концертот што Томовска придружувана од групата „Фонтана“ го одржа во Битола на завршницата од фестивалот „Илинденски денови“.

Македонија денес слави 115 години од Илинденското востание и 74 години од АСНОМ.

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на Втори Август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По повод празникот Илинден, во 9,30 часот пред споменикот на Илинденците во храмот „Св. Недела“ во Битола делегација од Општина Битола ќе положи цвеќе. Во 10 часот полагање цвеќе ќе има на споменикот пред Центарот за култура, а во 10.30 на споменикот во с. Цапари..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани