
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Музејот на албанската азбука во Битола за свои потреби ќе ги користи и дуќаните кои се во рамки на објектот каде е лоцирана спомен куќата, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Веднаш по назначувањето на нови членови на управните и надзорните одбори во локалните јавни претпријатија, локалните институции и училиштата ќе се назначат и нови директори кои во најголем дел ќе бидат вршители на должност, вели пратеникот Васко Ковачевски, локален лидер на СДСМ во Битола.
Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.
Здружението „Конгреси Башкимит“ од Битола заедно со агенцијата Илирија Њус од Скопје, денеска поднесоа предлог до претседателот на Албанија, Илир Мета, за отворање почесен конзулат на Албанија во Битола. Велат дека на овој начин ќе се подбри комуникацијата меѓу двата народа на културен план, но исто така, ќе се зајакне и економската соработка.
На среде конзулска Битола-пајкарник. Наместо како битолчани да се трудиме Битола да го зачува белегот на конзулски град, некои создадоа селска идила во центарот.
Албанскиот претседател Илир Мета денес во Општина Битола беше дочекан на црвен тепих од страна на градоначалничката Наташа Петровска.
Чест ми е како претседател на Република Албанија да го посетам градот Битола, Манастир на албански јазик. Го изразувам моето задоволство што се наоѓам на ова свето место за Албанците, каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот голем настан, независноста на Албанија.
Сакам да искажам благодарност до властите на Р. Македонија и на локално и на централно ниво, за грижата што ја покажуваат за овој објект и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување на објектот. Ние ќе бидеме во комуникација за да го дадеме нашиот придонес.
Јас се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија,
Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел, фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.
Овој четврток на маратонска седница на Совет ќе бидат разрешени досегашните членови на сите Управни и Надзорни одбори во јавните претпријатија, Управните одбори на градинките, на јавните установи, како и Училишните одбори во централните и подрачните училишта во Битола.
Продолжува агонијата на поголем број семејства од Битола кои иако ги платиле дрвата за огрев, шумските претпријатија сѐ уште не им ги доставиле. Температурите во вечерните часови се спуштија под нулата, а на Пелистер веќе падна и снег што влијае во градот да се здражи постудено време. За жал, семејствата кои останаа без дрва, мораат да се снаоѓаат на други начини за да ги загреат домовите.