2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолската актерка Соња Михајлова ја доби наградата за најдобра женска улога на 17-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Жирито составено од Николај Круглов режисер од Русија, Мето Јовановски актер и Ана Стојановска театролог, ја наградија Михајлова за улогата на Јулије Цезар, од истоимената претстава во изведба на Битолскиот драмски театар. Неа при врачувањето на наградата публиката ја поздрави со  римскиот поздрав ,,Аве“.   

„Радоста споделена е поголема, затоа  со Вас сакам да ја споделам радоста од добиената награда. Не само заради ликот на Јулије Цезар, кој е историски, антички, вонвременски, туку и заради овој прекрасен Фестивал кој ја негува античката драма и театар и поради овој амбиент“, рече Михајлова. 

Годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, се одржа по 17 пати и по три годишна пауза повторно во локалитетот на античкиот театар  Стоби.

Арарат ќе стане Шарарат во „Но(е)ва Македонија“

Во новата премиера на Народниот театар од Битола, „Но(е)ва Македонија“ арката на Ное ќе се насука не на Арарат туку на Шарарат, поточно на Шар Планина во Македонија и оттука ќе се распрсни човештвото ширум светот. Ова е само дел од претставата во режија на Кокан Младеновиќ од Србија чија премиера е утре во 22 часот во Битолскиот театар. Претставата ќе ги исмее националистите и политичките грандомани кои ја изопачуваат историјата и себеси се прогласуваат за основачи на целокупната нација.

Жетвата во Пелагонија годинава започна лошо со постојани прекини поради дождовите, со намалени приноси и катастрофално ниски цени,оценува Вељо Тантаров  претседател на  Сојузот на земјоделци на Македонија.

Од актвностите на Демирхисарската летна школа во 2017 година, деновиве  излезе првата публикација од едицијата на посебни изданија на манастирот Св. Јован Претеча во Слепче. Станува збор за книгата “Мислејќи ги Илинденците. Нивниот топос денес –регионот и историографијата низ современиот спектар“ чиј автор е Ивана Хаџиевска, дипломиран историчар.

Непријатно чувство  предизвикуваат вревата, силните трескоти и уште повеќе искршените клупи и жардињери пред  платото на Битолскиот народен театар откако тинејџери на диво го претворија во скејтборд  парк. Иста е сликата  и на просторот кај  новата фонтана пред Музејот.

Минувачите се жалат дека не можат ни да поминат, ни да седнат на раат на клупите пред Театарот и Музејот, токму поради  ваквото однесување на младите скејтери.

Оваа играчка, популарна кај младите, каде доминираат физичката сила и балансот, воопшто не е спорна доколку се практикува на соодветно место во скејтборд паркот направен пред неколку години во градското шеталиште, а не на локации  каде не им е местото.

„Се навршија четириесет години како со лесен чекор ги играм македонските ора иако ја заминав седумдесетката. Орото ми доаѓа како мевлем на годините. Кога сум фатена на него како да сум млада девојка“, вели Злата Коцева, играорка од културно уметничкото друштво „Цветови“ од радовишното село Дедино. Со другите нејзини другарки, повозрасни играорки, ги затекнавме облечени во стари македонски носии на Дефилето на фолклористи низ Широк Сокак што се одржа на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

Градоначалниците на општините Новаци и Могила, Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска се во работна посета во градот Ајдин во Република Турција. Официјалната посета се реализира на покана на градоначалничката на градот Ајдин, Озлем Черчиоглу и претседателот на Здружението на иселениците од Македонија во Турција, Тургут Ѓулмуш. 

Во рамките на посетата, градоначалниците Кузманоски и Гулевска остварија средби со градоначалници од општини кои се во состав на градот Ајдин, на кои што средби беше договорена заедничка меѓуопштинска соработка во повеќе сфери како и збратимување на македонските со турските општини. 

Околу 10 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа, најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на установата. Тој со директорот на болницата Зоран Лазаров и другиот раководен тим во болницата договорија таа да биде пилот проект каде ќе се спроведе модел за работа на резонанцата по примерот Хрватска. Целта е да се излезе во пресрет на пацинетите и да нема долги листи на чекање.

Проблемот со бездомните кучиња во градските средини е присутен на територијата на целата држава. Според некои податоци во Битола има околу 400 кучиња скитници, но за нив нема соодветно прифатилиште, ниту третман.

Со анегдоти поврзани за фотографската дејност Петар Ставрев говореше за своето дело на свеченото отворање на изложбата „Фолклорни мотиви“ во рамките на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“. Неуморниот хроничат на Битола, па и на Фестивалот „Илинденски денови“ кој пак опстојува 48 години, рече дека воопшто не е едноставно да се фотографираат масовни настани каде доминираат фолклорот и традиционалната песна и игра.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани