
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Во бизнисот да се надмине балканскиот синдром да му цркне на комшијата козата бидејќи успехот на меѓународниот пазар не може да постои ако на комшијата му цркне козата, туку ако сите комшии заеднички настапат и го зголемат своето стадо од кози“, вака изразувајќи се фигуративно професорот Игор Неделковски, претседател на Фондацијата ГАУС го опшиша новиот проект БалканМед Е-бизнис страници.
Дали ЈП „Комуналец“ е под стечај , се прашуваат битолчани откако утрово се соочиле со грда слика пред училиштето „Стив Наумов“ во Битола.
Марија-Магдалена Петковска Микаровска на фејсбук објави фотографија од она што го затекна пред ова училиштето со коментар„ Ужас е глетката, страшно е што дечиња играат, поминуваат и веројатно сметаат дека е во ред пред училиште да е преплавано со ѓубре! Срам да е на одговорните!!!“.
Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.
Во ѓубралници прераснаа дел од киосците на автобуските постојки што ги направи претходната локална власт во Битола.
Во присуство на видни личности од општествениот живот и други гости од Битола, новинарот Пеце Стефановски ја промовираше својата книга „Самак“ која содржи негови записи посветени на патувањата и престоите во САД.
Нема затворени угостителски објекти при синоќешните контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат низ угостителските локали во Битола, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Била спроведена контрола во повеќе локални, но не биле констатирани посериозни прекршоци. При спроведувањето на акциската контрола не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир.
Министерството за внатрешни работи во координација со УЈП, вечерва почна акција во прилепските и битолските локални.
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за учество на „Битфест 2017“ на спортскиот клуб „Будо центар Пелистер “, чии тренер е Ѓуро Илиќ, неговиот шеф на кабинет му исплатил 5 илјади евра, односно 300 000 денари.
Денеска во Битола беше одбележана 73 годишнината од формирањето на Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија. По тој повод, пред спомен плочата на чешмата кај Пртивпожарната единица, свежо цвеќе положија и се поклонија претставници од Сојузот на борците, градоначалничката Наташа Петровска, претстaвници од Советот на општина Битола, од здруженија на Македонците од Егејска Македонија и др.
Преку еленот Самак, новинарот Пеце Стефановски, во истоимента книга „Самак“ чија промоција е закажана во недела во Битола, ја опишува несушната потреба од слобода на нашите простори.