2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.

На сите сообраќајни патни правци во државава се забележуваат врнежи од ситен снег.

Домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70 проценти во емисиите на ПМ честичките, согорувајќи дрво во огништата, пишува во брошурата што Регионалното здруежение на географи „Геосфера“ ја објави со детална анализа на аерозгадувањето во градот. Во Битола над 62 проценти од домаќинствата  согоруваат  дрво за затоплување. Согорувањето на дрво во емисиите на ПМ 10 честичките  учествува со 39 проценти, а во ПМ 2,5 честичките дури со 57 проценти. Често се користи огревно дрво со висок процент на влага, кое создава многу големи количини на ПМ честички.

Од утре Македонија ќе биде под влијание  на многу студена и влажна воздушна маса, што ќе услови заладување и врнежи од снег во целава земја, а од вторник температурите ќе се спуштат и под -10 степени. 

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, го посети   „Малиот битолски Монмартр“ при посетата на Битола. Раководителот на студиото, Коста Хаџиантоновски, лично му ги презентираше состојбите во ликовната колонија, но амбасадорот имаше можност да види  и дел од најдобрите ликовни бисери со кои располага „Малиот битолски Монмартр“.

Хаџиантоновски е еден од ретките Македонци, кој има добиено три награди од Република Франција: медал за високи достигнувања од областа на уметноста што му го додели француското Министерство за култура, потоа наградата „Адмиралот на честа“ на Градот Париз, како и наградата „Монмартр на Европа“.

Населбите во поширокото централно градско подрачје на Битола, како што се Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат пазар имаат  екстремно аерозагадување, посебно во периодот после 15 часот, што се поклопува со периoдот на стабилизација на струењето на воздухот (Пелагонија - Пелистер) и потпалувањето на огништата со дрва. Тогаш токсичните ПМ честчки достигнуваат највисоки концентрации.  Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера, во градот се регистрирани два алармантни реони на аерозагадување.

Три ученички и две професорки од Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола присуствуваат на едукативна средба за заштита на живтната средина што во следните пат дена се одржува во Крф, Грција. Битолчаните се дел од проектот за „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ на Еразмус плус програмата, во кој се вклучени и училишта од Италија, Португалија, Романија, Полска и Грција.

Разбојник со вперен пиштол во вработените ограбил аптека во Битола. Настанот  се случил синоќа  околу 20 часот, кога  во битолската полиција било  пријавено Разбојништво од страна на вработена во аптека лоцирана на ул.“Филип Втори Македонски“. Непознато машко лице влегло во аптеката и веднаш се упатило позади работното биро, каде што вработените го броеле дневниот промет, извадил и репетирал пиштол, и откако ги зел парите и еден мобилен  телефон се дал во бегство.

Александар Марковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција е назначен за ве-де директор на ИЗ „Жабени“ крај Битола. Марковски доаѓа директно од бизнис секторот, а претходно  беше ангажиран и во неколку деловни  банки  во одделите  за бизнис кредитирање.

-Во моментот кога го преземам работењето со индустриската зона „Жабени“ таму  работи еден активен клиент со 5000 вработени, друг инвеститор е во завршна фаза на градба, а од Владата на Р. Македонија  најавена е  турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, изјави за Апла.мк, Марковски.

Со едукативна трибина во орагнизација на Центарот за европски развој и интеграции, Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија- Битола, „Сумнал“-здружение за развој на ромската заедница и Организацијата на жени од Битола, беше одбележан Денот на социјланата правда-20 февруари. Целта на оваа трибина е да се актуелизира потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност , и да се подигне степенот на информираност но и ангажираност на граѓаните за остварувањето на принципите на социјална правда кои се предуслов за просперитетно и хумано општество.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани