
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД) во Битолско кои се исполепени со вмровски симболи- лавови, беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочија дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност, па во ред е да се отстранат.
Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски превоз тежок 360 000 евра.
Се поголем е бројот на млади луѓе во Македонија, што се охрабруваат да отвора свој бизнис, но се уште треба да се работи за развивање на претприемничкиот дух и да се зголемуваат можностите за младите да се убедат да размислуваат во насока на отворање на свој бизнис.
Градоначалничката Наташа Петровска, вечерва, најави скромна прослава за роденденот на Битола, а дел од средствата предвидени за таа намена ќе бидат пренаменети во други цели. Но, сепак таа посочи дека општината има и изненадување за битолачани.
Нула, вака новиот директор на битолската Клиничка болница, Зоран Лазаров ја оцени состојбата во која ја затекнал установата одговарајќи на новинарско прашање на кое место на скала од еден до десет би ги сврстил наследените состојби.
„Од почетокот размислувавме дали да одржиме прес да видите во каква состојба е болницата, но одлучивме да не се жалиме, да почнеме од тоа што го затекнавме и со текот на времето да покажиме дека одиме на подобро. Нас ни е целта да ја вратиме на она ниво на кое функцинираше, треба време. Се трудиме, работиме интензивно“, рече Лазаров.
Ова е Клиничка болница, а не ветеринарна станица им било кажано во повеќе наврати на сопствениците кои слободно ги пуштаат коњите да пасат во дворот на битолската болница.
На гинеколошкото одделение во битолската болница, покрај реконструираните болнички соби , сега повторно на располагање на родилките им е реновираната ВИП соба, која извесен период не беше во употреuба. Управниот одбор на болницата донесе одлука за оваа соба на гинеколошкото одделение да се наплаќаат симболични 300 денари на ден
Хуманитарката Марија Русенгрен, по потекло битолчанка која денес живее во Шведска, преку НВО „Од рака на рака“ во битолската Клиничка болница донираше медицинска опрема од 300 000 евра.
Борче Димитровски, поранешниот директор на Центарот за култура-Битола , сега советник во Советот на општината , вчера зборувајќи од советничката говорница, дали треба или не треба , да се формира комисија за испитување на работата на Општината и бившиот градоначалник Талески, не пропушти сам да се пофали, како директорувал и што практикувал.
Слушам како сегашната опозиција обвинува за популизам и не можам да си поверувам на ушите. Филмот ми се враќа пред две и пол години во кабинетот на нашиот актер и градоначалник. Пред очи ми излегува еден сертификат чија содржина новинарите не можевме да ја дешифрираме иако беше на англиски јазик. Простете и на нашата маленкост, а можеби и неукост , но не можевме точно да разбериме за што ни е наградена општината. Беа наведени повеќе квалификации, ама се некако описни, ништо допирно. Тогашниот градоначалник ни рече „не прогласија за лидери во Лас Вегас!“