
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски, за престојната 2018 година најави реализација на бројни капитални инвестиции. Од општинскиот буџет ќе се инвестираат околу 6.5 милиони денари за реконструкција, одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на општината. Околу 5 милиони денари ќе бидат искористени за реконструкција и доградба на општинската зграда и уште 140 000 денари за купување на опрема.
Претседателот на Совет на Општина Битола, Валентин Груевски денеска јавно упати апел до мнозинските акционери на ФК Пелистер од Битола да ги исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка. После тоа да отпочне правната процедура за преземање на акциите, зошто без платени обврски Општина Битола нема можност да го преземе клубот.
-Свесни сме за итноста на ситуацијата и временскиот теснец во кој се наоѓаме, затоа денес или најдоцна утре ќе биде рокот во кој треба да се исплатат долговите и да почне нормализација на состојбите во клубот. Се после утрешниот ден ќе биде предоцна за клубот-предупреди претседателот на Совет, Груевски.
Васко Ковачевски од СДСМ, бара Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ јавно да му се извини за изнесените клевети на ФБ, во спротивно ќе го тужи. Барањето за извинување се однесува на фејсбук статусот на Димитровски, објавен на 28 декември минатата година, во кој тој напиша дали првата одлука на Ковачевски како нов директор на РЕК Битола била да се отпуштат од работа 133 ангажирани лица во комбинатот, иако Ковачевски не е диркетор на РЕК.
По убавото време и невообичаено високите температури за овој период од годината, метеоролозите од утре најавуваат снег.
Водостопанското претпријатие „Битолско поле“ од денес има нов директор. На чело на претпријатието е назначен Стојан Георгиевски. Пред оваа фирма престојат многу предизвици во одржувањето на каналската мрежа и речните корита во Пелагонискиот регион. Во изминатите години битолско Водостопанство се соочи со многу проблеми и трансформации.
Пред 35 години, Битола, Новата година ја дочекала приклешетна во снег и мраз, а сега со кокичиња по дворовите како да е пролет. Зимата во 1983 година во Битола снег наврвнал дури 84 сантиметри, а за време на оваа зима во градот одвај проснежи. Денес дневните температури се искачија до осум сетепени над нулата.
За Нова година можеби повеќе од кога и да е ми недостига градска Битола. Снимките од новогодишните забави низ кафеаните од кои барем делче видовме на тв екраните, беа доволни да ни покажат во каква Битола живееме. Народот вели дека за вкусовите не се разговара. Но, бидејќи сум од Битола, за која милуваме да кажеме дека е конзулска, ќе си земам за слобода да ја прокоментирам цикрузијатата што ја видов.
Долгогодишното планинарење заврши со брак. Битолчанката Елена Василевска го кажа судбоносното „да“ на врвот на Пелистер на својот избраник Менде Давитковски. На надморска височина од 2600 метри двајцата млади токму на први јануари 2018 година застанаа на лудиот камен, обколени со неверојатните пејсажи на Пелистер од каде се гледа и Преспанското езеро. Моментот на запросувањето е објавен на видео на фејсбук профилот на „Големо Езеро “.
Планинскиот убавец Пелистер низ фотографии направени на 1 јануари 2018 година.
Од Клиничката болница информираат дека на Ургентното одделение во текот на ноќта имало напорна ноќ, со 60 прегледи на пациенти. 10 од нив биле во алкохолизирана состојба.