2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Полскиот амбасадор во Р. Македонија неговата екселенција Јацек Мултановски, заедно со својата сопруга Кинга Мултановска го посетија  Државното музичко училиште во Битола и донесоа  музичка литература од композиторот Ф. Шопен за потребите на младите музички таленти во школото.

Амбасадорот Мултановски оствари средба со директорката на училиштето Катарина Велковска и професорката по пијано Татјана Божиновска.

-На средбата се разговараше  за состојбите во нашето училиште и следните планови, а амбасадорот ни додели и литература од композиторот Шопен, што ќе биде од огромно значење за идните генарации во нашето училиште, рече директорката Велковска.

Оваа средба се должи и на 25 годишната соработка на Државното музичко училиште од Битола со Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“ и манифестацијата „Шопенова вечер“, која традиционално се одржува во чест на композиторот од времето на романтизмот Фредерик Шопен,  кој  пак се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња, вели за апла.мк директорката Велковска.  received 235934803810440

На локалниот пат Битола – Буково, започна чистењето на каналската мрежа за атмосферско одводнување, кое се врши во вкупна должина од 2400 метри, односно по 1200 метри од секоја страна на патот. Градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска, денеска на терен изврши увид во динамиката и начинот на кој се реализираат активностите за чистење на одводните канали на овој локален пат.

Со чистењето на каналската мрежа, се решаваат многу од проблемите во овој дел на општината, кои се појавуваа многу често како  поплавување на парцелите покрај патот, поткопување на банкините и оштетување на коловозот на локалниот пат за селото Буково.

Вкупната вредност на инвестицијата на Општина Битола за оваа цел изнесува 162 408,00 денари.

Битолчанец подметнал пожар во куќата што со братот ја наследиле од родителите, а во која не живеел. Но, огнот проширувајќи се без покрив над главата го остави соседот со три малолетни деца. Огнената драма се случуваше синоќа околу 22 часот на улицата „Љубојно“ во Битола.

На шеесет годишнината од своето постоење, Техничкото училиште од Битола, се збратимува со училиштето „Мави Текник “ од Измир, Турција. Во тек е петдневната посета на претставници на Техничкото училиште од Битола во Измир , како  гости на тамошното техничко училиште „Мави Текник“. Станува збор за средба на највиско ниво, со што збратимување на овие две училишта официјално и на документ ќе се случи во Битола во јуни годинава.

-Во тек е посета на највисоко ниво по што ќе следи збратумување на двете училишта. Им преносовме поздрави со подароци од името на градоначалничката на Битола, Нашата Петровска  во чест на збратимувањето на Битола со Измир што исто така  ќе следува, како и подароци од нашето училиште, информираше директорот на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ –Битола, Владимир Роме , кој информацијата и фотографиите ни ги испрати од Измир.

Двете училишта на средба  се запознаа со образовните системи во двете земји , сличности и разлики како и можности за соработка. По што најавија дека ќе следи и посета на ученици и наставници од Битола во Измир, веќе од следната година.

-Посетата поминува во крајно пријателска атмосфера обележана со турската гостопримливост и љубов кон нашиот народ, вели директорот Роме, кој во Измир е заедно со заменик директорот на училиштето Тони Панов.  

Она што е специфично за техничкото училиште „Мави Текник“ е што е лоцирано во центарот на индустриската зона во Измир, во него се образуваат од 900 до 1000 ученици на електро-машинските струки: роботика, електротехника, обновливи извори на енегрија, машинска технологија и дизајн...

Директорот Роме вели дека на крајот од оваа средба ќе бидат дефинирани точните начини на соработка и динамика во иднина.  

На 1 мај во 1942 година во атарот на село Поткамен, кај Чајниче, Босна и Херцеговина, загина Киро ДИМИТРОВСКИ-Дандаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката и народноослободителна борба на Југославија, графичар.

Реката Драгор во Битола  е место каде некои граѓани често ја покажуваат својата ниска еколошка свест, негрижа за животната средина и недостиг на елементарна култура.

Фирмата „СВ Инвест“ бара јавно извинување од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашните обвинувања што ги изнесе на фесјбук дека наводно оваа фимра како подизведувач за превоз на јаглен во РЕК вози камиони од фимрата „ДГИ тотал инженеринг“, во сопственост на братот на премиерот Вице Заев. Од РЕК „Битола“ пак, исто така категорично ги отфрлија обвинувањата за наводен криминал, корупција и непотизам и најавија дека во иднина секој што ќе изнесе невистини, па макар тоа бил и Христијан Мицкоски, ќе заврши на суд. И фирмата и РЕК исто така ги повикаа надлежните инстуции да ја проверат вистината.

ЈП „Пазари“-Битола, почна со реконструкција на скалите на надворешните пристапи во Новиот реонски пазар во Битола. Денеска старите, искршени или оштетени плочки на скалите се замануваат со нови и со тоа се реконстуираат сите пристапи со цел да се заштити и обнови комплексот, но и за поголема безбедност на граѓаните кои пазаруваат во овој пазар и во дуќаните.  

Последните случувања кај младите беа лекција за повторување колку е значаен воспитниот елемент во образованието кај учениците.

Како дел од проектот „Мултиетничка интеграција на младите во образованието“ учениците од ОУ„ Гоце Делчев“- Битола беа вклучени во работилница со тема „Стоп на насилството“.Учество зедоа ученици од осмо и девето одделение и родители кои имаа можност на оваа работилница преку различни активности да се потсетат за сериозноста на оваа тема, последиците од насилството како и да научат како да се заштитат од насилно однесување на своите врсници.

Од педагошко-психолошката служба во ОУ „Гоце Делчев“, како реализатори на активноста изјавија  дека „Основна цел на оваа работилница и други слични работилници кои ги спроведуваме во училиштето е популаризирање на идеата кај младите за училиште без насилство низ формата на дисеминација. Безбедноста на учениците во училиштето е основниот предуслов за нивно чувство за припадност на заедницата, како и на атмосферата на доверба и соработка“. Училиште без насилство претставува  придобивка за сите без разлика на пол, етничка припадност и возраст, беше речено на работилницата.

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), по шести пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30-ти април,  со тоа што денеска организира концерт на Беличанска Квинтет. Локација кафе бар Камарите - Битола, со почеток во 22.00 часот.

Беличанска Квинтет е состав од искусни и докажани музичари од нашата џез сцена кој веќе 10-тина години е активен. Зад себе имаат многу настапи, концерти и фестивали во земјата и странство. Негува повеќе стилови почнувајќи од џез стандарди кои се изведени во нивни аранжмани, латин џез, фанк, соул, како и своја авторска музика. Јасмина Беличанска – вокал, Стефан Тасевски – алт и сопран саксофон, Горан Димитровски – бас гитара, Ристо Крстевски – клавијатури, Зоран (Озо) Ристевски – тапани.

МКЦ реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Овој концерт по шести пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани, велат од МКЦ-Битола.  

Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.  

Настанот е поддржан од градоначалничката на општина Битола , Наташа Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани