
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорот на ЈП „Пазари", Александар Касапов, на својот фејсбук профил објави дека во следниот период ќе се изготви проект за покривање на пазарот во делот каде што се продава бижутерија. Тој објави дека веќе одржа состанок со претставници на Општина Битола, на кој беше договорено да се започни постапка од ЈП за Урбанизам и просторно планирање за изработка на проект за покривање на делот од пазарот каде што се продава бижутерија. Досега овој дел од пазарот не беше покриен. ЈП "Пазари" за проектот доби поддршка од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Веќе не предаваат во Горната гимназија, но работниот век ги поврза за на век. Иако пезнионирани по повеќе години, не пропуштаат ни една недела без да се сретнат. Збирно место им ресторанот „Грне“ во центарот на Битола каде со по некој филџан кафе ќе помуабетат, евоцирајќи спомени за минатото кога биле професорки, а дискутирајќи и за сегашноста. Понекогаш се собираат и по петнесетина пензионирани професорки од гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола од фирмата „Жито Лукс“.
Разбојник од Скопје ограбувал аптеки во Битола. Битолската полиција до ОЈО Битола, поднесе кривична пријава против Д.Ј (31) од Скопје каде и живее заради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил седум кривични дела “Разбојништво“ по чл. 237 ст.4 од КЗ на РМ.
Битолската публика вечерва имаше можност да ужива во бродвејски амбиент што во големата сала на Центарот за култура го доносоа Камерниот оркестар од Битола и солистите кои настапија на овој концерт.
35 годишниот моторџија Б.А. , жител на село Мојно, попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа "Лукоил".
Битолчанец со раскрвавени рани на двете раце е пронајден синоќа под Тумбе кафе и итно пренесен во Скопје.
Несреќата се случила околу 21,50 часот кога во СВР- Битола е пријавено дека кај градското шеталиште под Тумбе кафе, има повредено лице.
Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.
На повредниот веднаш му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош во Битола, при што било констатирано дека З.Л. ма обилно крварење од вените на двете раце, по што итно е пренесен во Скопје во комплексот клиники "Мајка Тереза" за лекарска помош.
На денешен ден, 22 април 1915 година кај месноста „Блатата“, на Пирин Планина, убиен е Јане САНДАНСКИ, припадник на македонското револуционерно движење, војвода и раководител на МРО во Серско.
Окупаторот мислел дека војува со баталјон, а спроти себе имал седуммина партизани, од кои три жени.
На денешен ден, 20 април, во 1982 година во Скопје, починал Ацо ШОПОВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, поет и преведувач, есеист и литературен критичар, академик.
