2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Македонија во наредните две години се подготвува да го реализира проектот за гасификација, рече денеска министерот за транспорт и врски  Горан Сугаревски, при посетата  на  Битола.

Со набавка на опрема во вредност од над 4 милиони денари, ќе се јакне  капацитетот на противпожарните единици во Пелагонискиот регион. По иницијатива на градоначалниците, средствата се обезбедени во рамките на проектот што го финансира Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Пелагонискиот регион. Договорот за реализација ќе биде потпишан до крајот на мај.

Во строгиот центар на Битола, во стамбено-деловниот објект „Пелагонка 2 “и стамбениот комплекс „Стара болница“ се живее во опкружување од ѓубре и диви депонии во секој ќош, реагираат станари од  „Пелагонка 2“ . Наместо во контејнерите што се поставени непосредно до стамбениот објект, во близина на паркингот , несовесни битолчани сопственото ѓубре го расфрлаат  каде ќе им текне, само да се ослободат од него.

Само 1,6 проценти од младите до 29 години во Македонија користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3 проценти од паровите користат какво било средство за модерна контрацепција. Оие податоци беа соопштени како загрижувачки на трибината за сексуално преносливите инфекции и контрацепцијата што во организација на Асоцијација за здравствена едукација- ХЕРА и МКЦ се одржа денес во Битола.

Добитник на гран при наградата на 20-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама Битола 2018 година е претставата „Контрабас“ на актерот Шовги Гусеинов од Азербејџан. На синоќешното свечено доделување на наградите, претседателот на трочлената жири комисија Коле Ангеловски истакна дека тој и членовите на жирито Нина Мазур и Весна Петрушевска, одлуката ја донеле едногласно.

Монодрамите вообичаено не привлекуваат многу публика, но тоа не е случај со претставата „Ќиро“ на познатиот хрватски актер и шоумен Тарик Филиповиќ, познат во јавноста по водителската улога на хрватскиот квиз „Милионер“. Тој како актер и автор на монодрамата „Ќиро“, посветена на легендарниот некогашен  југословенски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ, вечерва ќе го затвори 20-то издание на Фестивалот на монодрама во Битола. Монодрамата е во 20 часот во Народниот театар, а картите се веќе распродадени. Најзаинтересирани се припадничките на понежниот пол и љубителите на фудбалот.

Битолската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП „Нискоградба“ од Битола, Кире Крстевски (55), за „злоупотреба на службата“, а кривични пријави за „несовесно рабаотење“ поднесени се против неговите соработници во ова јавно претпријатие, помошник на директорот за технички работи М.М. (59), раководител на сектор за правни работи В.П. (58) и референтот за техничка исправност на возилата и поранешен раководител, С.Х. (55). Сите се осмничени дека во периодот од 2013 година до 2017 година му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ во вкупен износ од 15 милиони денари или 250 илјади евра.

В очи денешниот верски празник Свети Атанасиј, патрон на црквичката кај Смолево, некој најверојатно се обиде да подметне пожар во околната шума. Група битолчани кои вчера попладне се искачувале до црквата, движејќи се по патека која водела низ густа шума, наишле на кофи полни со пилевина, шишиња со гориво и некаква направа на која биле обележани знаците плус и минус.

Регистриран нарко зависник е 34 годишниот битолчанец кој вчера починал во Клиничката болница во Битола. Портпаролот на болницата Сузана Конеска, за апла.мк изјави дека лицето е примено во болницата кога виталните функции покажувале знаци на смрт, веднаш бил реанимиран, но безуспешно.

-Вчера претпладне во болницата примено е лице на 34 годишна возраст, на кој виталните знаци покажувале смрт, пацинетот веднаш бил реанимиран, но за жал безуспешно. Според законските обврски од Законот за здравствена заштита, пацинетот кој  е примен во рок од 24 часа и не е воспоставена дијагноза, а во овој случај се работело од само половина час по примањето во болница, должни сме како установа да побараме обдукција, која подоцна ја побара и ОЈО, ни изјави портпаролот на Клиничката болница Битола, Сузана Конеска.

Таа,  дополни дека,  обдукцијата е извршена врз починатото лице, земен е потребниот материјал за испитување и по извршените анализи истиот ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство во Битола.

Конеска потврди дека според нивните податоци лицето било регистрирано како зависник од дроги.

Според извештајот на полицијата од Клиничка болница Битола, вчера во 11 часот во СВР Битола, пријавиле дека на интерното одделение починал Б.К. (34) од Битола.

По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот  е наредна  обдукција. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Меморандум за соработка чија цел е излегување во пресрет на потребите на пазарот на трудот, како и поставување врска помеѓу образовниот систем и стопанството со изведување на практична настава во реални компании, потпишаа директорите на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола и фирмата „Монтинг инженеринг“,  Владимир Роме и Томе Тромбев,.

Со воведувањето на задолжителното средно образование се намали интересот на основците за тригодишно образование со што во градот веќе силно се чувствува недостатокот од овие кадри. Бравари, заварувачи, металоглодачи, електроинсталатери и монтери се само дел од занимањата за кои се нудат слободни работни места за кои нема кој да се пријави.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани