2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Важна работа која ја научив во моите 35 години и досега една од најважните кои воопшто сум ги научила е кога ќе ми се случи нешто да не се прашам – зошто мене? Или зошто пак? Наместо тоа, застанувам и помислувам што треба  ова мене да ме научи? Најтешко за разбирање е дека привлекуваме сѐ во нашиот живот, поточно ништо не е случајно.

- Како можи да привлекувам нешто поради кое толку страдам?- ми вели една клиентка. Ја прашувам дали сега е нешто поинаку од порано? Што сега прави различно од претходно? Како се чувствува? И додека „копаме“ подлабоко, поентата е да го донесеме на свесно ниво она што подсвесно, „нѐ тера“ така да страдаме и на тој начин да веруваме, а тоа што веруваме да постане наша вистина. Страдаме затоа што тоа го бараме од универзумот сами. Се додека не ја научиме таа лекција, така и ќе биде. Иако некои не сакаат односно не се спремни да го прифатат тој факт добро знаат дека тоа „болење на душата“ предизвикало голема промена кај нив. За комплетно учење е потребна спремност за промена. Најпрво се „копа“ по ограничувачките уверувања, па своите вредности и сликата за себа. Понекогаш ги извртуваме работите и велиме наместо:

-Толку многу ме повреди!

-Јас многу се повредив од тоа како гледав на таа ситуација.

Размислете што е поинаку која ја преземате одговорноста, кој нов поглед се биди. Ако гледате на страдањето како благослов кој доаѓа за да усвоите нешто што понатаму ќе ги промени вашите уверувања за кои се вели дека одат на ниво на клетка, тогаш сте на прав пат. Во спротивно ќе се повторува додека не научите.

Не сте виновни, но сте одговорни за своите мисли, уверувања, своите вредности, сопствената слика за себе.

Пишува,

М-р Билјана Галовска професионален коуч и НЛП практикант (инфо разговор на 072/252-603 или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Експерти од европската еколошка мрежа на заштитени подрачја „Натура 2000“ во Националниот перк Пелистер открија видови застапени во европските анекси за заштита, а кои досега никогаш на македонските простори не биле откриени. Тие деновиве вршат мониторинг на флората и фауната во Националниот парк Пелистер кој е еден од избраните пилот подрачја од земјава што можат да станат дел од еколошката мрежа по зачленувањето на Македонија во ЕУ.

Започнаа активностите околу реконструкцијата  на регионалниот патен правец Битола-Новаци-РЕК со вкупна должина од 12 километри

Инвестицијата изнесува  61 милион денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

Целиот реконструктивен зафат се очекува да биде завршен најдоцна  за 2 до 3 месеци, односно во септември годинава. Изведувач на градежните работи е  фирмата „Ескаватори“.

Наскоро се очекува да се започне и со реконструкција на мостот на река Црна на истиот  патен правец. Овие градежни работи ќе ги изведува ГП „Гранит“, информираат од општина Новаци

1

2

4

Најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската, одбележа 182 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа делегација  од  Конзулатот на Република  Бугарија во Битола, претставници на МВР, на Црвениот крст,  советници  од  општинскиот Совет, а заменик градоначалничката Емилија Костурски, честитајќи го Денот на пожарникарите, најави зајакнување на капацитетот на ТППЕ.

Битола е подготвена за 37 издание на „Малиот Монмарт“ кое ќе трае од 23 до 30 мај. Манифестацијата ќе започне во среда вечер во 21 часот со отворањето на 36 Светска изложба во објектот во Старата битолска чаршија.  Преку сто и десет гости од 16 земји во  светот, денеска и утре пристигнуваат во Битола.

-Битола во наредните седум дена ќе биде еден од најголемите детски ликовни центри за младите таленти од светот.

Празни шишиња од пиво, пластични чаши оставени пред дуќаните во комплексот Пелагонка 2, остатоци од храна и други отпадоци расфрлани низ комплексот Стара болница, е редовна глетка за викендите.

38 годишен битолчанец рано утрово околу 4 часот со џип нисан удрил во кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола. При ударот оштетил дел од ѕидот и урнал една од канделабрите, а филџанот кој е обележје на кружниот тек остана неоштетен.

Македонско научно друштво-Битола во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ приреди промоција на книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ чиј автор е д-р Менде Солунчевски, професор на Воената Академија-Скопје, Бизнис Академија Смилевски-Битола, Славјански универзитет-Свети Николе и професионалец, вработен во Министерството за одбрана.

Според рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска, книгата на професорот Солунчевски претставува професионален и структурен спој, во една целина, на менаџментот и системот на заштита на спасување.

-Ккнигата е добро структуирано интелектуално дело, напишано со модерен стил и јасен и разбирлив речник. Вредноста на трудот посебно се зголемува бидејќи успешно е извршено спојување на две важни проблематики кои се во насока на подобрување на системот за заштита и спасување во Република Македонија. Делото на авторот Солунчевски се вбројува во еден од најсеопфатните трудови од областа на системот за заштита и спасување објавени во државата, нагласи рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска.

Пред аудиториумот во Битола, авторот Солунчевски предочи дека современото општество презема бројни мерки и активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра од различни извори на загрозување.

-Потребен е интегриран пристап за искористување на научните и практичните сознанија во менаџментот и заштитата и спасувањето  заради воспоставување на современ менаџмент во заштитата и спасувањето, а со цел ефективно и ефикасно справување со актуелните природни непогоди и несреќи, рече меѓудругото авторот, професор д-р Менде Солунчевски на синоќешната промоција во битолската универзитетска библиотека.

Издавач на книгата  „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ е Македонско научно друштво-Битола.

Меѓународниот ден на музеите, 18ти мај и 19ти мај- Европска ноќ во музеите, Н.У. Завод и музеј Битола ги одбележува со повеќе настани, работилници, организирани посети и изложби во текот на оваа и наредната седмица.

Претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денес, пред почетокот на ракометниот куп на Македонија, ја посетија општина Битола, каде остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани