
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во пресрет на големиот празник на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај, во Париз, Франција излезе од печат најновото поетско отстварување на македонскиот поет и писател Панде Манојлов насловено како „Мајчин јазик“ ( „La langue Maternelle") во издание на Институтот за култура „Солензара“ во едицијата „Билингвистика“ напоредно на македонски и француски јазик. Оваа мошне значајна поетска книга од Манојлов која содржи триесет песни, на француски јазик ја препеа познатиот француски и светски литерат, поет и академик Атанасе Ванчев Де Траси кој годинава е предложен за Нобеловата награда за литература.
Со агресивни кампањи за подигање на јавната свест на граѓаните за чиста животна средина, можеме да ја промениме сликата за Македонија која е се позгадена, вели Зоран Георгиев, претседателот на УО на АДКОМ, Здружение на сите јавни комунални претпријатија од државата. И најдобро опремено комунално прептријатие нема да може да постигне резултати, ако свеста кај граѓаните е на ниско ниво, смета Георгиев.
За првпат по асфалтен пат ќе се стигнува од Битола до најоддалечените мариовски села Старавина и Градешница,децениски сон на жителите од мариовскиот крај, но и на многумина други кои трагаат по планинарски и туристички аватури.
Зголемено производство на електрична енергија во најголемиот производител на струја во државата, РЕК Битола, и стабилен електроенергетски систем најавија денеска од Државните електрани. Од таму велат дека на 10 мај започна капитален ремонт на првиот блок во РЕК, а во наредниот период ќе следат и ремонтни активности на останатите два блока. За ова АД ЕЛЕМ ќе инвестира 10 милиони евра, што заедно со 280 илјади тони јаглен на депонија, ќе обезбеди стабилна грејна сезона.
-Во изминатите неколку години од претходното раководство на РЕК Битола не беа завршени ремонтните активности. Затоа оваа година почнавме капитален ремонт на блок 1 и ремонтни активности на блок 2 и блок 3. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабила, изјави Васко Ковачевски, диркетор на РЕК Битола, кој рече дека во изминатиот период се преземени повеќе активности за заштита на животната средина, вклучително и отпепелувањето, за што најави повеќе информации во наредниот период.
На денешната средба со новинарите, по повод 34 годишнината од пуштањето во употреба на вториот блок во РЕК Битола, на двајца вработени со најдолг стаж во комбинатот, Стојан Ристевски и Љупчо Василевски им беа врачени благодарници и плакети
-На 24 мај во 1984 година за првпат се произведени и пуштени во електроенергетскиот систем првите киловатчасови електрична енергија од Блок 2. Сакам да се заблагодарам на сите вработени во РЕК Битола и АД ЕЛЕМ за се она што го вложиле, своето знаење и искуство за да изградата еден таков столб во енергетиката во РМ. Од пуштањето во употреба до денес овој блок има произведено 43 770 гигаватчасови или просечна 6 годишна потрошувачка на електрична енергија во РМ. Со сегашните цени на електрична енергија од 41 евро, вкупниот приход направен од ова производство е 1,8 милијарди евра, рече генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Тој најави понатамошни инвестиции, модернизација на РЕК Осломеј, инвестиции во обновливи извори на електрична енергија, реализација на предвидените проекти Чебрен и Галиште, што во иднина ќе обезбеди стабилен енергетски систем




Намалување на производствената цена на струјата за 1,5 проценти или 0,6 евра бара ЕЛЕМ од Регулаторната комисија.
Ја критикувате градоначалничката Наташа Петровска за наводен игнорантен однос, а вие избегавте од седница, ја искритикува локалната опозиција, претседателот на Советот, Валентин Груевски. На денешната седница на Совет на почетокот присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска која одговараше на советнички прашања. Потоа во интрес на времето и нејзините обврски продолжи да зборува за кварталниот извештај за буџетот за годинава. Тогаш, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, еден по еден, ја напуштија салата зашто не биле задоволни од одговорите и зашто таа дала експозе за буџетот и заминала.
Бившиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола,а актуелен советник Борче Димитровски, денеска не застана зад новоизбраниот лидер на партијата Иванчо Тошевски, кој во својство на советник даваше изјава пред Советот на Општина Битола.
Приходите во Општина Битола за првиот квартал од 2018 година се повеќе од 110 милиони денари , што споредено со 2017 година кога биле над 94 милиони денари покажува разлика од над 15 милиони денари повеќе приходи, или 16 проценти разлика . Во делот на расходите ситуација е обратна во 2017 година расходот бил повеќе од 107 милиони денари, наспроти 2018 година кога таа бројка е над 90 милиони денари. Што значи дека расходот е помал за 16 проценти или поточно за над 17 милини денари , рече меѓудругото градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет давајќи извештај за реализацијата на буџетот во првиот квартал за годинава.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ја напуштија седницата на Совет незадоволни што градоначалничката Наташа Птровска не им дала одговор на сите дополнителни советнички прашања.
По странските регистарски таблички, развиорени знаменца, па и исцртани симболи ќе дознаете каде се иселени стопаните на куќите во преспанското село Брајчино. Некои на замандалените дрвени порти прикачиле стари регистарски таблички од возила што порано ги возеле во Холандија, Германија, Канада и на други места. На некои куќи се виорат знамиња од Канада и Австралија и укажуваат дека во две прекуокеански земји денес им е распарчено семејството. Трети пак, го исцртале јаворовиот лист од канадското знаме на влезовите од куќите.
