2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше  независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател  на  Советот или советник.

-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски,  кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.

-Значи не мора да викате толку, и  рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?

Екипи на  јавното претпријатие „Нискоградба“ и подружницата на „Македонија пат“ од Битола почнаа со обележување на коловозот и поставување сообраќајни знаци за ограничен режим на движење, со што формално почна реконструкцијата на северниот главен сообраќаен влез во Битола или влезот од страна на Прилеп.

Вербален дуел меѓу советниците Методија Илиевски и Габриела Илиевска

„Би- Лет“ да е новото име на битолското културно лето „Битфест“, предлага продуцентот Панде Димитровски, творецот на магазинот за хумор и забава „Без навреда“.

Во најновиот број на магазинот, Димитровски, пишува дека во тек е оглас за најновото издание на битолското културно лето, па по социјалните мрежи и медиуми често се загатнува прашањето  дали и годинава новата локална власт ќе го задржи името „Битфест“ или ќе понуди нешто друго. Сега „Без навреда“  предлага „со еден куршум да се отепаат два зајаци“.

-Битолското културно лето да се вика „Би –Лет“ , што би дошло од првите букви на битолско лето. Првиот зајак, значи нов нунко, ново име, нова тура-нова авантура. И вториот зајак од првите букви Би-Лет да дојде заедно во БИЛЕТ, да се спроведи на дело, да се користи во вид на влезница, пишува Димитровски.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ од утре почнува со реализација на проектот за надградба и поправка на коловозот на влезот во Битола од страната на Прилеп.

Битолската полиција поднесе нови кривични пријави против ексградоначалникот на Битола , Владимир Талески и негови соработници од претходната локална самоуправа, вработени во Општината. 

Талески овој пат се сомничи за злоупотреба на службената положба. Поранешниот раководител за финансии и член на Комисијата за јавни набавки, Слободан Бончановски, правникот од Општината  и член на комисијата за јавни набавки М.К. и советничката за образование и член на истата комисија С.П. се осомничени за несовесно работење во службата.

Битолчани утрово се восхитуваа на виножитото после неколку дена дожд. Овој метеоролошки феномен многумина го регистрираа со своите мобилни телефони и уживаа во боите на виножитото.

Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно.Претпоставувам дека целата клима која се создаде во јавноста за нас пратениците доведе до ваквото непресметливо однесување, и ако е тоа, му порачувам дека ниту мене ниту другите колеги вакви настапи и чинови на насилство нема да не поколебаат во нашата крајна цел членството во НАТО и ЕУ, изјави битолскиот пратеник Горан Милевски за Макфакс, по вчерашниот инцидент  кога на улица беше физички нападнат од минувач. 

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски,  вели дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.

Со 19 милиони евра државната компанија  Електрани на Македонија, ќе купува помошна механизација за РЕК Битола, за ископ на јаглен.

Директорот на ЕЛЕМ,  Драган Миновски, кажа дека денес е распишан тендерот, со кој ќе купат вкупно 44 машини, односно осум хидраулични багери-ровокопачи, девет булдожери, два грејдери, три автодигалки, три утоварувачи, два комбинирани градежни машини-скипови, четири телескопски чистачи на транспортни ленти, две цистерни за вода, три товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и осум камиони-дампери со носивост од 30 тона. Според Миновски, еден од главните трошоци на ЕЛЕМ е ангажирањето надворешна помошна механизација, за што се ангаѓираат надворешни фирми, бидејќи нема своја.

„Ова е целата помошна механизација што му е потребна на РЕК Битола за да не ангажира повеќе надворешни фирми. Во последните 10 години за ангажирање помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено 93 милиони евра“, рече Миновски.

ЕЛЕМ очекува машините да бидат испорачани до крајот на годината.

„Во 2019 година помошна механизација од надворешни фирми во РЕК Битола нема повеќе да се користи. Следна инвестиција во рудниците во РЕК Битола ќе биде набавката на механизација за ископ на јаглен, во рудникот Брод-Гнеотино. РЕК Битола, за разлика од рудникот Суводол, каде има сопствена рударска меганизација, во Брод-Гнеотино нема и со години им плаќа на надворешни фирми за тие да вршат ископ на јаглен, а главните количини јаглен се копаат токму таму“, рече Миновски.

За скоро ќе биде распишан  тендерот за набавка и на оваа механизација, која ќе чини 22 милиони евра.

Вц казанчиња, други елементи од тоалет, теписони, канцелариски материјали, облека и друг гломазен смет преку викендов беа исфрлени во контејнерот на Основното училиште „Гоце Делчев“ од Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани