
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почнаа да се вршат нови анализи на Одделението за лабораториска дијагностика при Клиничката болница од Битола, соопшти портапролката Сузана Конеска.
По повод Светскиот ден на поезијата во салата за промоции на НУУБ„Св. Климент Охридски“ се одржа поетска манифестација, на која учестуваа млади поети од основните и средните училишта од градот, како и други млади таленти, кои претходно се пријавија на отворениот распишан повик за учество на манифестацијата со свои поетски творби.
НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“и ОУ „Даме Груев“ - Битола го одбележаа Светскиот ден на водата со тоа што учениците и наставникот Митко Јанески поставија упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот.
Битолскиот историчар д-р Александар Литовски ја предводи работната група на Министерството за култура за преиспитување на оправданост од постоење на Музејот на ВМРО. Членовите на оваа работна група влегоа во музејот, извршен е првичен увид во музејската поставка и прибавен е дел од неопходната документација за подготовка на детална анализа за овој музејот, соопштуваат од Министерството за култруа.
Под снежниот врв на Пелистер, цветаат магнолии. Вака изгледа Битола од градскиот парк. Од едната страна се вишнее планината каде има снежна покривка од 40 тина сантиметри, а од другата страна всипани од цветови се магнолиите. Битолчани можат да уживаат во две годишни времиња. Во зимата на Пелистер каде снегот може да ја продолжи сезона или да прошетат во градскиот парк каде пролетта магнолиите ги обои во розово-пурпурна боја.Поради нивната убавина и плоштадот во срцето на Битола е наречен Магнолија.
На битолскиот рид Кркардаш, од каде градот се гледа како на дланка, на местото каде во 14 век загинале мачениците, се издига црквата „40 маченици“ која денес ја празнува својата слава.
22 Март-Светскиот ден за заштита на водите и деновите на екологијата,вечерва ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, во малата сала на Центарот за култура, го одбележа со едукатива трибина која е дел од проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“. Аплицирано е за мал и голем грант, а овие еколошки активности се дел од малиот грант.
-Преку овие активности сакаме да го прикажеме младиот човек како директен учесник во подигањето на еколошката свест и важноста на водата за сите нас без разлика на полот, расата, верата, етничката припадност. Водата ни е неопходна за се' што правиме во животот. Мораме да почнеме да се грижиме за нашите води од било кога досега, рече директорката на ОУ „Гоце Делчев“–Битола, Зара Дамјанова.
Гого Видимче ќе биде новиот директор во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Самохраните родители кои имаат ниски примања повеќе нема да плаќаат за градинка, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2, информираат од УХМР.
Од четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд.
Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд.
Најмногу врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.
Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.

