
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Тој ден, 27-ми април им тежи на сите а најповеќе на нас, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој ден што значи една црна дамка за демократија во Република Македонија, народот кој си ја сакаше државата, испровоциран од настаните што се случуваа во Собранието, влезе на еден мирољубив начин со песна, на ист начин како што протестираше 75 дена. Ние денес го добиваме епитетот на терористи.
Со бронзен медал на Меѓународната јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017 Холандија, се закити нашата битолчанка Мила Ивановска (14) , ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола.
Неликвидна и заглавена во долгови од 12, 5 милиони евра ја остави Општина Битола екс-градоначалникот Владимир Талески по неговото 12 годишно владеење, а добавувачите на стоки и услуги, ги бараат своите пари. Голем дел од нив поднесле тужби за наплата на побарувањата, а за некои извршителите веќе блокирале средства од општинската сметка. Кој и зошто ја тужи Општина Битола?
Лајонс клубот Битола по 11 пат викендов го организираше традиционалниот црно-бел бал, најголемиот лајонистички настан и во Дистрикт 132 и во поширокиот регион.
Фирми, поединци и родители веќе се вклучија со донации, работа и поддршка за реновирање на средното Медицинско училиште во Битола, со цел обезбедување понормални услови за одржување на наставата. Откако јавноста ја виде вистинската слика во каква состојба е доведено училиштето после 12 години директорување на кадар на ВМРО-ДПМНЕ, јавните апели на новото раководство за помош за реновирање на школото вродија со плод.
Познатиот битолски фотограф Коста Дупчинов во Магазата во Битола ја постави својата изложба „Носталгија“. Таа содржи фотографии од препознатливи места во десет градови низ Македонија, кои постепено исчезнуваат од модерниот лик на градовите, но ќе останат во колективната меморија на жителите.
Меѓу фотографиите за Битола се и берберницата во чаршијата која повеќе ја нема, како и други стари кројачки работилници. Изложбата ќе биде отворена до 16 декември, па сите љубители на убавата фотогрфија и битолски носталгичари можат да ја посетат. 
На 9 декември 1943 г. кај месноста Сувата Чешма, кај село Бараково, Горноџумајско /ден. Благоевградско/, Пирински дел на Македонија, е убиен Никола ПАРАПУНОВ, припадник на македонското националноослободително и бугарското комунистичко движење и учесник и организатор на антифашистичката борба во Пиринскиот дел на Македонија.
Два тима средношколци ќе ја подигаат јавната свест во Битола за омасовување на вело културата. Настанот е закажан за утре во 13 часот во Задруга Артикултура и е наменете за ученици од основните и средните училипта, но и наставниците кои се точакољубци и кои сакаат да се активираат и да помогнат на иницијатаивата „Битола на точак“, за што помасовно користење на велосипедите.
Слаб југозападен ветар, зголемување на облачноста во текот на оваа ноќ и врнежи од дожд утре најавуваат метеоролозите. Во Битола се очекува минимална температура од -2 степени, а максимална до 11 степени.
В недела , врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и планините во западните делови од земјата, а се очекува границата на снежни врнежи да се спушти и до 500 м.н.в
