
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Истакнатиот битолски поет Панде Манојлов за неговото долгогодишно и плодно творештво доби високо признание од Чувашката народна академија на науките и искуствата на Република Чувашија во Руската Федерација.
На признанието пишува дека Манојлов добива сертификат за почесен член на Народната академија на Република Чувашија, Руска федерација. Инаку, признанието го добива поради заслуги што со поетско творештво придонесе за ширење на мирот...
„Ова е награда за секаква почит, награда за мене, но и за мојот град, за мојот народ и Македонија! Благодарам на Академијата и целиот чувашки народ“, напиша Манојлов на својот фејсбук профил. 
Горан Козаров е новиот директор на ЈП „Водовод“ во Битола, а Панде Богоевски на ЈП „Комуналец“.
Шест дена регионалната ТВ Мега од Битола не зрачи програма, а последната вест на нејзината веб страница е од 11 декември. Засега нема официјално известување зошто телевизјата престана да зрачи програма, но новинарските екипи од вторникот не излгуваат на прес конференции и настани, а неофицијално, вработените не одат ниту на работа. Не се знае зошто медиумуот по точно 3 години отако почна да емитува програма во регионот, сега го нема во етерот..
Централниот штаб на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, на денешната средба во Скопје , донесе став доколку претстојниот Конгрес на партијата на ВМРО-ДПМНЕ не настапи под предзнакот „обединувачки“ нема да земат учество на него.
Црквата која ќе ни помогне, да нѐ преизане ќе ни биде сестра, а не и мајка зашто нашата црква има корени од апостол Павле, рече преспанско-пелагонискиот владика Петар за барањето Бугарската православна црква да стане мајка црква на МПЦ.
Одделот за внатрешна контрола при МВР е известен за недоманешниот инцидент што се случил помеѓу тројца битолски полицајци. Според полицискиот извештај, пред два дена во 23,30 часот полицискиот службеник И.Д. од Битола пријави дека два часа претходно на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Методија Андонов Ченто“ управувајќи го сопственото возило „ауди“ бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од СВР Битола кои, како што се пожалил, со приватно возило „цитроен“ вршеле службени дејствија.
Станари од зградите со број 15 и 17 на улицата „Игњат Атанасовски“ реагираат дека некој ги пресекол столбовите со улично осветлување. Тие јавно прашуваат зошто се пресечени столбовите и кој им ја затворил улицата со рампа. Велат дека во овој дел од населбата во Нова Битола владее сообраќаен хаос.
Шадрванот пред Јени џамија се реставрира со старите камења и нов бело-сив мермер за водоскок. Шадрванот се наоѓа во напосредна близина на џамијата чија реставрација е во завршна фаза. Останат е од отоманско време и без разлика што во последните години ја имаше изгубено функцијата на фонтана, односно од него не течеше вода, сепак е симбол на Битола.
Станари од зградите со број 15 и 17 на улицата „Игњат Атанасовски“ реагираат дека некој ги пресекол столбовите за улично осветлување. Тие јавно прашуваат зошто се пресечени столбовите и кој им ја затворил улицата со рампа. Велат дека во овој дел од населбата во Нова Битола владее сообраќаен хаос.
Дел од улицата „Игњат Атанасовски“ во мрак
