
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивика Мобилитас, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ изработи предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во градот и ги поднесе до општина Битола.
Предлог буџетот за 2018 година ќе се најде на дневен ред на 7-та седница на Советото на Општина Битола во среда на 27 декември. Пред советниците ќе биде и предлог одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, како и програмата за работа на општинскиот Совет за 2018 година.
Да запре трендот на незаинтересираност кон Битола, Прилеп и Охрид
На 22 декември во 1908 година во Велес е роден Кочо СОЛЕВ РАЦИН, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, поет, есеист, културно-историски истражувач, публицист, општествено-политички и македонски национален деец, марксистички филозоф.
На 24-ти декември во недела со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хуманитарната акција: ,,Твоето малку, е некому многу“ во организација на учесниците на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА која има за цел прибирање на нерасиплива храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.
Познатата сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ од Битола, Соња Николовска, деновиве повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на неколкумина битолчани од кои успеала да земе над 600 000 евра, објавува порталот dosie.com.mk
Донација во опрема вредна 150 илјади евра доби битолската болница од шведската фондација Hand till hand. Опремата ќе биде распределена во неколку одделенија во болницата
Среде Широк сокак, десеттина битолчани го блокираа патот чекајќи ред за на банкомат. Минувачите, некои нервозни што им го попречиле патот, други расположени за мајтап, потпевнува -ред се редат мале, за на банкомат!
Централната власт има сериозни намери за поддршка на Општина Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска по работната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Темите на нивниот разговор беа комуналната, патната и железничката инфраструктура во Битола и пелагонискиот регион.
-Зборувавме за уредување од областа на инфраструктурата, водовод и канализација, а ги засега месностите Габалавци, Секирани, Породин и особено Лавци каде што знаеме дека имаме инфраструктурни зафати, каде што како општина сме должни да ги реализираме. Имаме изградени објекти каде граѓаните всушност очекуваат ова да се реши. Ова покажува дека во иднина треба да гледаме со перспектива и задоволство на поддршката на централната власт , рече Петровска.
Добар дел од средствата коишто ги има Министерството за транспорт и врски од Европската инвестициона банка, кои и следуваат на општина Битола треба да се искористат, рече министерот Сугаревски, објаснувајќи дека се работи за кредитна линија која завршува на крајот на 2018 година.
-Рокот за апликации е до март месец, и дел од проектите градоначалничката ги има доставено до министерството, очекуваме наредната недела да бидат доставени и нови проекти. Еден милион и триста илјади евра и следуваат на Општина Битола, согласно кредитната линија. Очекуваме тие средства да се искористат од Општината, а бенефитот да го видат граѓаните на Битола, рече Сугаревски.
Што се однесува до патната инфраструктура предвидено е изградба на експресен пат Прилеп-Битола- граничен премин Меџитлија, рече Сугаревски додавајќи дека ќе се реконструира и патот Битола-Меџитлија, како и патни правци од Битола до Демир Хисар.
-Сериозни се плановите што ги има Јавното претпријатие за државни патишта заедно со Министерството за транспорт и врски и Владата на Р.М, очекуваме да се направи градежен бум од март наредната година, најави Сугаревски.
