2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Само еден месец по преземањето на функцијата новата градоначалничка на Општина Могила Јасмина Гулевска, веднаш се зафати со сериозна обврска да гради училиште во селото Ношпал.

Станува збор за монтажен објект со три училници во кои во две комбинирани паралелки ќе учат 14 ученици.

-Моментално во ОУ"Браќа Миладиновци" во селото Ношпал учат 14 деца. Училиштето го гради МЗТ „Инжинеринг- Битола“. Станува збор за монтажно училиште со три училници. До кота 0.0 обврската е на општина Могила во износ од 702.500 денари додека делот над кота 0.0 е обврска на Министерството за образование и тој износ не е познат на општина Могила, велат од општина Могила.

 Васко Ковачевски, најави дека заминува од функцијата пратеник и  ќе биде назначен за нов директор на РЕК Битола.

-Причината е учеството во акционерското друштво ЕЛЕМ. Имајќи предвид дека веќе два мандати сум во Собранието сметам дека ја оправдав довербата на граѓаните, вели Ковачевски. Ковачевски напомена дека големата кадровска промена која ја прави СДСМ сега и во изманатиот период е во интерес на граѓаните.

Генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски и пратеникот Илија Димовски, најверојатно ќе бидат двата кандидати кои влегуваат во најтесниот круг од партиската битка за наследник на досегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Ова е дел од големото сценарио за рушење на државата, рече поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, по завршувањто на првото рочиште од главниот претрес за случајот Транспортер на СЈО, кое започна денеска во скопскиот Кривечен суд

Австриската амбасадорка во Македонија, Ренате Коблер, во придружба на австриската почесна конзулка Валентина Илиева, донираше книги во Австриската библиотека во Битола.

Како австриските искуства околу чиста и здрава животна средина да се пренесат кај нас , разговараа,  меѓу другото,  на денешната средба  градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, со Амбасадорката на Република Австрија, Рената Коблер.

-Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Битола, за жал,  нема доволно ресурси, но со оние што ги имаме, со добра организација на работата секогаш сме на вистинско место и секогаш ефикасно и ефективно ги извршуваме  работите во наша надлежност. Досега сме имале над 700 претставки во 2017 година, изјави Лилјана Илиевска, заменик  Народен правобранител во подрачна канцеларија во Битола.

Зошто не се жртвуваше една Новогодишна забава на плоштадот Магнолија за да се купат врати во средното Медицинско училиште во Битола? Зошто наместо концерт на Хераклеја не се пренаменија парите за тоалети кои не протекуваат, па училниците да не мора да учат во смрдеа на моч? Зошто место за коктели и репрезентации парите не завршија  за обезбедување на школите, купување на хигиенски средства, нагледни материјали? Место за екстерното тестирање да се користеа за одблокирање на сметките на школите.  

Поставена е новогодишната елка висока над седум метри која за време на празниците ќе го украсува центарот на градот. Покрај елеката, деновиве предновогодишно беа накитени и градските улици. Дел од украсите се од ланската година зашто новата локална власт наследи долг од околу 13 милиони евра што треба во иднина да се плаќа, па за жал тоа ќе се одрази и врз прославата на Новата година. Веќе е најаевно дека за новогодишната ноќ нема да се трошат големи суми пари како што тоа беше практикувано низ минатите години , туку дека ќе се организира скромен дочек. 

Владимир Роме, е новиот ве-де директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола. Тој  на оваа позиција доаѓа од редот на професорите  и е  надпартиско решение.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани