
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи денеска положија цвеќе пред спомен-бистата на Јосип Броз Тито на Широк Сокак, по повод некогашниот најголем државен празник во поранешна Југославија- 29 Ноември- Денот на Републиката.
Во 1943 г. во градот Јајце, Босна и Херцеговина, се одржало ВТОРО ЗАСЕДАНИЕ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО СОБРАНИЕ (ВЕЌЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (АВНОЈ). АВНОЈ бил највисоко политичко и претставничко тело на антифашистичката борба.
Горан Козаров најверојатно ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие „Водовод“, а Панде Богоевски прв човек на ЈП „Комуналец“, неофицијално дознава Апла.мк.
Објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговиот ФБ профил, со кој тој ги повикува граѓаните „да излезат на протест пред Основниот суд во Скопје и да се спротистават на антидржавната политика на владеачката хунта“, се претвори во огласник. Покрај коментарите за поддршка и изразен револт, во текот на денот, многумина, во коментари објавуваат огласи.
Некои политички структури не заплашуваа дека ќе ни се населат мигранти, а една третина од градот ни мигрираше.
„Еден ден ќе ме бараш“ е најновото музичко остварување на битолчанецот Сефедин Бајрамов. Новата песна и спотот ќе бидат промовирани в среда, на 29 ноември во 20 ч, во Центарот за култура во Битола, а гости ќе бидат и познати музички имиња од домашната естрада.
Вработените од Управата за јавни приходи по повод верскиот празник Свети Матеј, познат како Денот на даночниците, ја покажаа својата хуманост донирајќи пелени и средства за хигиена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
Битолчани кои ова утро патуваат за Скопје објавуваат на фејсбук слики од состојбата на автопатот, пишувајќи дека има снег на Плетвар , а песок е фрлен само на коловозот од страната на Прилеп.
-После многу години „Македонија пат“ не се изненадени од снегот туку само полуизненадени- коментираат битолските возачи.
Лицата со телесен инвалидитет бараат персоналната или лична асистенција да биде законски регулирана и да се спроведува по европски терк.
