
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од соопштение на СДСМ Битола
Во Битола се одржа јавен форум за инклузивна подготовка на програмата за работа на општинскиот Младински центар Битола за 2024 година. Настанот беше во организација на МКЦ-Битола во рамки на проектот „Младите во центар’’, финансиран од ЕУ.
Овој јавен форум имаше за цел да се претстават специфичните цели на иницијативата, Законот за младинско учество и младински политики, специфичните обврски кои произлегуваат од Законот, моменталната состојба и улогата на младинските центри на локално ниво. Исто така беше претставена и Програмата за 2024 и Извештајот за 2023 година на општинскиот Младински центар, по што се разви дискусија околу активностите. Забелешките и мислењата ќе бидат земени во предвид во финалната програма на Младинскиот центар за 2024 година.
„Целта е да се актуелизира прашањето околу Младинскиот центар на Општина Битола, да се направи промоција, но и инклузивен процес во однос на креирањето на новата програма за 2024 на МКЦ, како и да се промовираат активностите што досега беа преземени. Инаку целата иницијатива се заснова на Законот за младинско учество и младински политики кој предвидува да се преземат и мерки на локално ниво. И самите општини имаат обврски кои треба да ги исполнат. Меѓу нив и да се креира младински центар, па локална младинска стратегија, совет, да се делегира службеник за млади, да има канцеларија за млади “, Александар Тодоровски од МКЦ Битола, координатор на проектот.
Во рамки на проектот ќе има и кампања за промоција на Младинскиот центар и активностите, обуки за јавна администрација и советници од Општина Битола за да стекнат повеќе знаење за младински политики и активности.
На форумот присуствуваа учесници од Советот на општина Битола, јавната администрација, младински организации, организации за млади, младински клубови, образовни институции, средношколци и студенти, млади невработени и млади во социјален ризик, корисници на услугите на МЦБ со цел да се обезбедат сите аспекти при креирањето на програмата за 2024 година на општинскиот Младински центар Битола.
Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска,и претседателот на Студентското собрание на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, Борис Гушевски потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции, со кој се овозможува студентски попуст од 50 проценти на влезниците во сите национални установи од областа на културата.
„Со оваа значајна иницијатива за студентски попуст во сите национални установи што се под надлежност на Министерството за култура, овозможуваме културните настани да се подостапни за студентите, како и да обезбедиме поквалитетен студентски живот и подигнување на нивниот стандард“, рече Костадиновска-Стојчевска, на потпишувањето на Меморандумот на што присутни беа и ректорот на Универзитетот, проф.-др Игор Неделковски, и проректорите Горан Илиќ и Јасмина Буневска-Талевска.
Костадиновска-Стојчевска посочи дека иницијативата ќе се прошири и за средношколците, а дека во приоритетите на професорскиот кадар и на политичарите е да обезбедат услови за младите да останат во државава. „Наша должност е да обезбедиме иднина за младите и да понудиме можности за нивен развој уште на почетокот на нивното образование“, рече министерката за култура, која додаде дека младите остануваат во фокусот на нејзиниот мандат.
Имено, со измените на Законот за игри на среќа е превидено да бидат пренасочени средства во фонд за заштита на културно наследство, па затоа Костадиновска-Стојчевска додаде: „Со измените на Законот се предлага стипендирање на дефицитарни кадри на групи од Филозофскиот факултет во Скопје, и тоа од областа на историјата на уметноста, археологијата и етнологијата, одредени наставни групи на ликовна академија и архитектура, односно кадри за кои постои дефицит во нашите установи од областа на заштитата. Доколку има вакви групи и на Универзитетот во Битола, ќе пристапиме кон дополнување на предлог-измените на овој закон, кој го помина првото читање во собраниските комисии“, рече Костадиновска-Стојчевска, која потсети дека Владата во изминатиот период стипендираше и студенти по македонски јазик, особено во наставна насока, поради дефицит на кадар во оваа област.
Како добра мерка за младите да останат во државава и полесно да добијат можност да бидат дел од националните установи од културата, Костадиновска-Стојчевска го спомена и Предлог-законот за култура, со кој, како што рече, се предвидени категории на работни места без работно искуство.
Инцијативата за студентски попуст во националните установи од културата започна со потпишување на Меморандумот за соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а поради добрата практика, министерката за култура изрази надеж дека и студентски собранија на другите универзитети ќе ја прифатат оваа мотивирачка мерка.