2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана Захариевска Ралевска, советник од ДДСМ

Во текот на изминатата вечер  (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На денешен ден 3 февруари 1977 г. кај Македонски брод загина Васко КАРАНГЕЛЕВСКИ, припадник на  македонското националноослободително и комунистичко движење во  Вардарскиот дел на Македонија и учесник во Антифашистичката војна, генерал на ЈНА Роден е на 7 јули 1921 г. во селото Брусник, Битолско.

Пред Втората светска војна е земјоделски работник. Член на југословенската комунистичка  младинска организација СКОЈ од 1941 г. и член на КПМ од 1943 г. Заменик-командант и командант на баталјонот „Стив Наумов“, заменик-командант на  Четвртата бриада, а потоа командант на Петтата и Седмата бригада. На крајот  на НОАВМ е командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија на  НОВЈ. По Ослободувањето дипломира на Воената академија "Ворошилов" во  Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), ја заврши Вишата  воена академија на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

Во  ЈНА имаше чин генерал-полковник и е командант на дивизија,  началник на штаб на корпус, началник на штаб на армиска  област и командант на армија. Член на Централниот  комитет на СКЈ. Прогласен за народен херој на  Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Подготвил: проф.д-р Александар Литовски, историчар

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани