2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсониера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:

ОГЛАС

За издавање под закуп на една гарсониера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/62

  1. Здружението на пензионери - Битола располага со слободен стан (гарсењера) во зградата на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/62
  2. За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
  • Кон Молбата се приложуваат следните документи
  • Талонче од последна исплатена пензија
  • Уверение за матерјална состојба (Ујп)
  • Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
  • Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
  1. Огласот ќе биде објавен во весникот „Битолски весник“ (на македонски и албански јазик), интернет порталот „Апла“ FACEBOOK страната на здружение на пензионери Битола и ТВ „Тера“.
  2. Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268 од 19.02.2024 до 23.02.2024 година.

Здружение на пензионери - Битола

Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, на својот фб профил реагираше на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ и најави тужба доколку повторно се спомене нејзиното име

Најостро ги осудуваме дезинформациите и невистините кои денес беа презентирани на прес конференцијата на Ирена Димовска-Митревска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

 

Претседателката на комисијата за интердисциплинарна дејност при Министерството за култура НЕ Е И НИКОГАШ НЕ БИЛА член на Управниот одбор на МКЦ-Битола и не може да има конфликт на интерес за одобреното финансирање на нашиот фестивал Битола отворен град 2024 од Министерството за култура.

 

Меѓународниот фестивал „Битола отворен град“ во организација на МКЦ-Битола е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој 23 години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

 

Изминатите години фестивалот редовно добива поддршка од Министерството за култура во приближно ист или повисок износ од годинешниот, поради својот квалитет и препознатливост како НАЈГОЛЕМ ФЕСТИВАЛ ЗА УРБАНА КУЛТУРА ОРГАНИЗИРАН ОД ГРАЃАНСКА, НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА во Битола и во поширокиот регион. Сите настани се на отворено, во директна комуникација со публиката и без наплаќање на влезници. Битола отворен град е симбол по кој луѓето го препознаваат МКЦ-Битола и нема да дозволиме да биде ставен во контекст на дневно-политички манипулации.

 

Уште повеќе сме зачудени од изнесените невистини, поради фактот што токму Ирена Димовска-Митревска во неколку наврати има настапувано на фестивалот Битола отворен град и многу добро знае за успешната приказна на нашиот фестивал.

 

За таа цел, бараме јавно извинување за изнесените невистини во иста форма и место или ќе бидеме приморани да ги искористиме правните инструменти за заштита од навреда и клевета.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани