
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, во Општина Битола, се одржа конститутивна седница на Советот за женско претприемништво, кој има за цел да ги претставува и застапува интересите на актуелните и потенцијални жени претприемачки во општина Битола преку давање на мислења и препораки за прашања од интерес на женското претприемништво и еднаквите можности, креирање на планови, стратегии и политики за поддршка на жените претприемачки и економско зајакнување на жените. На конститутивната седница, за значењето на женското претприемништво, говореа координаторката за Пелагонискиот регион на националната платформа за претприемништво, Даниела Цветановска и правниот советник Талија Петреска. Присутните членови на Советот, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им успешна работа:
„Сигурен сум дека, сите вие кои се пријавивте на јавниот повик на општината за членки на овој совет, имате силна визија и верувате во успешната поддршка која може да ја даде ова тело за економското јакнење на жената, затоа што познавајќи ве и самите сте добар пример за големите достигнувања на женската ангажираност во областите во кои работите или дејностите кои ги менаџирате.
Преку споделување на Вашите знаења, искуства, идеи и иницијативи, очекувам општината да даде поттик и поддршка во застапувањето на интересите на актуелните и потенцијалните жени претприемачки во Битола, а преку програмите и плановите кои ќе ги донесете, заедно да овозможиме економско зајакнување на жените“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, која е и претседател на комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите, потенцираше дека очекува активност и остварување на планираните цели:
„Многу е важно планираните цели да не останат само на хартија. Поддршката од комисијата за еднакви можности, никогаш не била спорна и нема ниту да биде. Се надевам дека во периодот што следува, ќе имаме почести средби, почеста комуникација и делување со кое ќе ги оствариме целите“, рече претседателката на Советот, Илиевска.
Членовите на Советот за женско претприемништво, за претседателка ја избраа Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола, а за заменички беа избрани Оливера Пандаревиќ и Моника Марковска.
„Преку советот за женско претприемништво максимално ќе се залагаме за поттикнување на жените за учеството во бизнис секторот како основачи на фирми и да ги искористуваат сите можност за поддршка. Сметам дека формирањето на овој совет е клучно за Пелагонискиот регион, бидејќи не само што придонесува за задржување кадри, туку и го поттикнува општествениот напредок преку искористување на женските вештини и иницијативи. Максимално ќе се залагаме лично јас, а и сите останати членови од советот да ги оствариме првично зацртаните цели и да создаваме нови можности за поттикнување на жените од најразлични области и возрасни категории“, рече Д-р Ана Ристевска, сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг Битола.
Медиумската писменост е интелектуална слобода, истакна проф. д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА, на денешниот Прес-Агол што се одржа во Бизнис академија Смилевски, а во рамки на манифестациите Денови на медиумска писменост.
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените распишува литературен и ликовен конкурс на тема „Рацете во портокалово срце“ .
Деновиве, на повеќе локации во градот беше затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, што негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.
Дури 18 проценти од младите во Македонија работат онлајн за странски компании, а ваквиот начин на работа е можност да се намали нивното иселување од државата, беше кажано на панел дискусијата за подобрувањето на онлајн вработувањето и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера, што се одржа во Битола.
„Онлајн вработувањата, односно дигиталната ера после ковидот зедоа голем замав и во тоа ќе биде иднината. Младите се адаптираат на тој начин на работа и команиите мора да бидат флексибилни за далечинско работење. Од последната наша статистика, 60 проценти од младите се насочуваат кон дигиталната работа. Имаат слобода и услови за работа и добро е платено. Се намалува процентот на младинска невработеност“, рече Александра Митревска од „Нејтив тимс“, компанија која се занимава со олеснување на алатките за наплата и вработување на фриленсери во Македонија и 60 земји низ светот.
Милчо Дули, претседател на здружението „Сфера интернешнал“ од Битола, рече дека за време на ковид-периодот процентот на млади кои работеле онлајн пораснал за 15 проценти. Тој процент продолжува да расте, а во ИТ-индустријата платите се повисоки од просечната за 50 проценти.
„Од компјутер работат за странски компании, со што остануваат во нашата држава, а ги имаат вештините да знаат да препознаат добра работа и профитот ќе го користат тука. На веб–страницата која ја направивме можат да научат многу нови комуникациски и лидерски вештини, но и да се обучат за правни работи, за да бидат заштитени кога работат онлајн“, рече Дули.
Настанот се одржа во Europe Hause во Битола.
Ж.Здравковска
Ова е едногласно констатирано на денешниот состанок на генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола.
На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.
Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.
Согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствениот план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните.