
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (27/28/29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 247 возачи, меѓу кои 152 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,32 мерки за возење без возачка дозвола,26 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно престигнување, 3 санкции за непрописно паркирање...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Битола
На денешен ден 30 октомври
Интегрален текст од прес конференција на Бојан Бојковски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се сретна со група македонски студенти кои студираат на престижните британски универзитети при нејзината посета во Лондон по повод 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-британските дипломатски односи. Оваа средба беше организирана од Македонската амбасада во Лондон.
– На универзитетите во Обединетото Кралство, кои важат за едни од најпочитуваните во светот и се карактеризираат со вековна традиција, не е мал бројот на македонски студенти. Ми причинува задоволство што имав можност да остварам средба со талентирани и амбициозни млади интелектуалци, стипендисти, поддржани од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и од „Чивнинг“ – меѓународна програма за стипендии од Владата на Обединетото Кралство, - истакна Костадиновска-Стојчевска.
На средбата, студентите кои ги стекнуваат своите знаења на универзитетите во Лондон, Манчестер, Бристол, Виндзор ја информираа министерката дека нивната заедница на стипендисти е најголема во Манчестер.
Тие ги споделија придобивките од студиите на универзитетите во Обединетото Кралство, при што рекоа дека нивна заедничка цел е професионално да се реализираат во својата држава. Искрено веруваат дека во матичната земја ќе се валозираат нивните знаења и искуства од британските универзитети и ќе бидат препознаени придобивките од нивна вклученост во унапредување на секторите за кои се школувани.
Македонските студенти ја искажаа својата подготвеност и желба да ги имплеметираат своите вештини во развојот на македонската држава. Посочија дека е корисно да ги употребат сите меѓународни врски што ги стекнале во студентските кампуси за да привлечат странски инвестиции и да отворат сопствени бизниси. На тој начин, преку контактите и вмрежувањето што ги оствариле во Обединетото Кралство, ќе можат да ги зајакнат политиките на локално ниво и ќе придонесат за развој на македонската економија, во сопствената татковина.
– Разговаравме за начините како активно да се поддржат нивните идеи со фокус на иновации и истражувања и да се спроведат нивните иницијативи заеднички, со заложбите на Владата и на Министерството за култура. Покрај дефицитарните кадри во државата, треба да се искористат и да се пополнат и местата за професионалните кадри кои ни се потребни и неопходни за во иднина, преку активно вклучување на младите студенти и професионалци, кои се двигатели на секое општество – истакна Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека е од непроценливо значење што престојуваат и учат во Обединетото Кралство бидејќи тоа е ретка можност да се запознаат луѓето од целиот свет и да се научи повеќе за нивната култура и традиција.