2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Со голем Аеромитинг во сабота, 16 септември, на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје, ќе биде одбележан јубилејот – 100 години Македонска авијација, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.

За настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион.

С О О П Ш Т Е Н И Е !

Се известуваат пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека во мeсец септември и почетокот на октомври ке се организира и реализира планираната есенска екскурзија.
Сите заинтересирани пензионери можат да се пријавуваат кај председателите на ограноците и да презентираат лична карта и талон од пензијата.
Предност ќе имаат пензионери кои досега не ги искористиле планираните екскурзии.
Времето и релацијата на екскурзијата ги договараат председателите на ограноците со пензионерите.
 
Здружение на пензионери Битола

Наскоро, просторот познат меѓу битолчани као Пацио  кој се наоѓа во зградата на Завод и Музеј Битола,  ќе добие сосема нов лик. Во тек е негова рекоснтрукција во рамките на проектот за прекугранична соработка SMART4YOU2 , финансиран од ЕУ и Министерството за локална самоупрва. Директорката на Завод и Музеј Битола, Мери Стојанова, на ФБ објави фоторграфии како претходно изгледаше Пациото и од градежните работи кои се во тек,  со кои целосно се менува овој простор. 

 

-Полека ги одбројуваме деновите до завршувањето на големите инфраструктурни зафати за реконструкција на т.н Пацио во НУ „Завод и музеј“ – Битола. Овој простор кој им е исклучително добро познат на битолчани, а делумно и на пошироката македонска јавност ја доживува својата преобразба во рамките на проектот SMART4YOU2 кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Проектот SMART4YOU2 се спроведува во рамките на Третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија, 2018-2020. Наскоро Битола ќе добие уште еден одличен простор, во ново руво и уште една културна содржина со која се надеваме дека ќе го оправдаме епитетот, Битола - град на културата, соопшти Мери Стојнова, директор на НУ Завод и Музеј Битола. 

Во продолжение преку фотографии проследете дел од инфраструктурните зафати во Пациото, кои се спроведуваат во рамките на проектот SMART4YOU2
 
stara1
 
star3
 
stara5
 
rabota1
rabota2
 
rabota5
 
rabota6
 
rabota7
 
rabota8
 
rabota9

После успешниот концерт во Штип на 6 септември, пред преполниот плоштад Слобода, караванот на проектот “Македонијо во срце те носиме” продолжува во убавата Битола на 13 септември пред платото на Офицерскиот дом со почеток од 20:30 часот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани